Целата поента на моите тестови не беше за да се пофалам што сум купил , туку да го споделам моето лично искуство во поглед на тестовите, бидејќи сметав дека би било тоа интересно за останатите потенцијални купувачи како и општо за ентузијастите на форумов.
Ама еве да прејдам на тоа што купив.. Оставив еден период со надеж дека ќе се створи нов Мазда дистрибутер и сервис и да купам Мазда (отидов кај потенцијалните фирми што би биле мазда дилер), меѓутоа конечно сватив дека веројатно ќе потрае дури да се случи тоа. Инаку цело време имав дилема дали да купам Дизел или Бензин. Ме мачеше тоа што живеам во центар и имам многу кратки релации (што е погубно за дизел, поготово за регенерацијата на ДПФ), а еднаш годишно месец дена имам многу долги релации (годишната километража ми се фаќа 15000-20000 км). Исто навидум заштедата преку гориво , се плаќа преку поскапа иницијална цена, како и поскап сервис и поскап потенцијален многу скап сервис.
Форуми како овој:
http://www.briskoda.net/forums/topic/267078-dpf-maintenance/и текстови како овој:
http://www.skoda.co.uk/GBR/Documents/19246_Skoda_DPF_Leaflet_v7.pdfме влечеа на страната накај бензин и тоа атмосферец
(помалку склон на скапи кварови).
Последната дилема ми беше помеѓу Шкода Јети 2.0 ТДИ 4x4 Elegance плус надградена и Honda CRV 2.0 150 ks бензин со многу опрема.
Шкодата ја немаше на лагер и требаше да ја чекам, Honda -ta ја имаше да ја земам одма.Направив уште една кратка обиколка по салоните и кога седнавме во Хонда -та дефинитивно пресековме дека ни се допаѓа највеќе (видовме и други марки за секој случај, ама не ги возевме бидејќи немаше ни потреба), плус е поголема, плус многу опрема, плус марка од која веќе сум задоволен. Како бонус на сето тоа ми испадна шанса што не можев да ја одбијам
и од август возам Honda CR-V во бисерна боја. Испадна дека Макпетрол имаат одличен персонал (со исклучок на еден човек кој што одма ќе сватите кој е во моментот на запознавањето), поготово тетките во Салон и дечките од Сервис се фантастични. Исто испадна дека може да се нарача без проблем додатни accesories па ради дилот што ми испадна ми останаа вишок пари во буџет за кола што ги искористив одма за купување:
4 Алуминиумски бандажи Хонда оригинал 17 -ки, и Continental Зимски гуми (Cross Contact Winter) ( Стандардно доаѓа со 18 -ки бандажи алуминиумски и повеќе сезонски гуми (кои во суштина се летни). Така да си направив втор сет тркала
2 Хонда Носачи за точаци (Во суштина овие се Mont Blanc Baraccuda, многу фалени по разни тестови. Истиве овие ги имаат и во Мида (таму се Форд брендирани), со тоа што во Макпетрол се поевтини)
1 носач за скии Хонда
Гумена кадичка за багажник
Мрежа за багажник
Кровни Носачи Хонда (сакав прво Thule Aero, ама овие оригиналните од Хонда се вклопуваат одлично и нема потреба да се вадат, и исто не ствараат бучава при возење. Thule Aero ги чув на едно Subaru и бучеа).
Мрежа за во багажник (многу корисно нешто за да не се превртуваат работите во багажник)
Сигурносни шрафови за бандажи
Зимски Гумени патосници Хонда (кога ја купуваш колата ти даваат патосници, 5литри уље Валволин, и 2000 мкд картичка за бензин).
Коректор со боја за секој случај
(Исто Хонда).
До сега сум ептен задоволен од луѓето во сервис и морам да признаам дека сум дури и изненаден.
Само да спомнам дека гледав и Subaru Forester , ама не ми се допаѓа ентериерот и за парите (кога ќе додадеш опрема), веќе ми е скап (делува ко да е генерација застарен во дизајнот) (споредено со Маздата на пример па и со Хондава) (не го возев). Веројатно Субару -то вози подобро off road ама не ми беше тоа приоритет.
Исто видов и Опел Антара, ама не ни се допадна , нити па за Опел имам високо мислење, а исто кога ќе ставиш опрема доаѓа скапо(не ја возев).
Видов и Ford Kuga, и слично ко и за Опел. Мислам дека е премала, веќе доаѓа нов модел, нема финти со седишта, и ми личи дека се плаќа шминка (има прилично висока цена). Немаше потреба исто да ја возам.
Разгледав онака информативно и Mercedes B (новиот модел) , дури и го пробав , ама не ми остави впечаток.
Од моноволумени пробав и Корола Версо, ама кога ќе додадеш опрема станува скапо (а не ми остави ни впечаток при возење).
Исто пробав и Форд Фокус Ц Макс, ама не ме бендиса.
Така да си ја земав Хонда -та и еве до сега и направив 7300 км. Инаки ми троши на отворено 8 л / 100 (секогаш мерам одење / враќање не само еден правец). Во град ми троши ако имам релација подолга (барем 3-4 км да може да се загрее), 10.5-11 л/100. На кратки релации ми троши 13 л/100. Исто мислам дека ќе падне потрошувачка после прва променана уље, односно да се доразработи моторот.До сега сум ептен задоволен, и посебно праи ќеиф удобноста на возењето како и разните ситници од опремата. Маана е што е моторот тром (далеку по жив и по стартен од Qashqai -to со dCI 1.5), ама далеку од Мазда -та или Оутландер -от на пример. Ама кога се стави све на вага ова победи, поготово што пресудивме дека може да живееме со мааните што ги има оваа кола.
поздрав
Дарко
п.с. Тест ЦД -а ако го интересира некој за ауди делот беа:
1. Diana Krall - Girl In The Other Room
2. Norah Jones - Not too late
3. Habib Koite - Afriki
4. Patricia Barber - Modern Cool
5. Patricia Barber - Mythologies
6. AIR - Pocket Simphony
7. Red Hot Chilli Papers - Stadium Arcadium