Седнуваш во ресторан/кафана/бургерџилница, што и да е...
Она: Леле, ја тоа не јадам, ја ќе си земам салата и пилешко во бел сос.
Ти: Добро, за мене ребро, од тој сосот убавиот лутиот и пар уштипци од страна, нека има.
Храната стига.
Она (пробува од нејзиното, па маааалку пробува од твоето): Леле твоево колку е подоброооо.
Па подобро е, не е пилешко, торто една.
Едит:
Ова стварно ми се деси пред неколку години.. Со цура нарачуваме пици. Јас си нарачувам пршута + рукола, она нарачува некоја веге-меге глупост (требаше да ми биде знак).
Стигаат пиците. Пробува од мојата. „Ееееј ама е добра оваа!“
Јаде пола од мојата. Останува 3/4 од веге-меге глупоста. Ја останав гладен.