Саботата некако топло не беше баш добро за физичка работ па се фрливме на козметика. Имам едно Добло кое го возам цела година како возило за транспорт на поголеми колични материјал кој ми треба. Со оголед дека фаровите имаат површина од пола хауба релативно лесно добивааат патина на горниот дел. Немаше многу затемнување онаму каде што свети н ме нервираше да ги гледам така а веќе имам искуство со средување фарови на наклолку коли па решив да поминам едно 2 саати.
Пред (нот гуд, нот терибл):

Водено шмирглање со 1000 - 2000 -3000 по 10 мин секоја + полирање со полир паста од сомнително потекло, купена во Лидл во пакетче Ултимејт Спид.

За крај добра заштита, нанесено со шамивче кое не пушта влакна да потрае една година. Ова е втор пат како го нанесувам ова и мислам дека е далеку подобро од она што би го добил во Лидл пакетот. Едно вакво пакече беше сосема доволно да покрие два фара со сериозна големина.

Дополнитлено го пробав ова кинсково направијче што го земав за евтино од Тему.

Квалитетоо на уредот е солиден и има добра контрола на брзината, проблемот е што брзо го троши компримираниот воздух од компактен комперсор со резервоар од 24L. Тоа значеше еден фар го полирав на 6 пати. Добро е што брзината опаѓа линеарно па не можеш да се заборавиш да ги изгориш. Лошо е што е ужасно досадно и бавно, но ако не брзаш никаде и не ти е битно времето доста лабаво и релаксирано.