прво треба да најдеш солидно возило за реставрација. Значи претходно да не е работено т.е да бидеш ти прв што ќе го средува. По можност да биде прва боја.
Тристачот сигурно ќе ти троши 13-14 литра е 1300 кубика и не добиваш ама баш ништо од моторот. Имаш комбинација со менување на карбуратор т.е ставање од стокец ама ќе ти биде уште по тром. Дизел мотор ти е заебанција...ќе треба да ставаш и друг мењач, да правиш нови држачи за моторот и мењачот а за на крај да го имаш најголемиот проблем да направиш атест. Ако се решиш на тристач тогаш најдобра варијанта ти е да убациш мотор од фиат 132 2000кубика заедно со мењач. Само ќе треба да направиш појачување на шасија и ќе имаш авион кола.
А доколку се решиш за фичо 750ката ќе ти троши 6ипол а 850ката 7-7ипол што е сосема ок. Можеш да ставиш и 903ка од фиат 127, чинквеченто, сеиченто или панда или па од југо ама тие не ги бива.
Ја сум за фичо...деловите се подостапни за разлика од тристачот а и по шмекерско е башка ако земеш контраш (можам да ти најдам)