Како повикан да дебатирам на темава
Значи Тристачот..а.к.а Фијатка започна со производство во Југославија парарелно со она во Италија.
Е сега до 1973 година сите Фиати што се трклаат на улица кај нас (најчесто оние со дамски мењач) се речиси идентични во квалитет со Италијански, со таа разлика што нашите беа полуксузни (колку и да ви е чудно тоа) особено што нашите после ако се сеќавам добро 68-69 година започнаа да ги нудат со Fiat 1500C маска внатре што е многу полукузна од оригиналната 1300 маска (шал табла).
De Lux верзијата која и ја имав беше 90% исто искуство да возиш како W116 Mercedes (не 115...не 123). Зборувам ако се е во ред каков што беше мојот...
После 73 прилично многу ги заебаа, ги направија пооскудни, понизок квалитет, бидејќи се фрлија на 101 прилично многу за во 1979 скрос да го застанат производството на Тристаќот и да го пренаменат за Југото
Значи прозводните линии на Тристаќот се преориентирани за Југо. Е кога ќе видете Тристач на улица да го имате тој респект.
А интересен е податокот што повеќе имате шанса да најдете Тристач него Југо од 80-та година