Автор Тема: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа  (Прочитано 1378032 пати)

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5396
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4560 на: 09 Декември 2020, 12:08:07 pm »
Дури и да е поевтино на пелети/дрва, мислам дека јас не би одбрал да губам време на ложење (и куп други обврски кои не се спомнуваат кога се зборува за греењево). Економскиот фактор е само шлаг, не црешната на шлагот од тортата. :)

Инаку еден пример, мои први комшии прво од дрва преминаа на пелети, за есенва од пелети да преминат на инвертор клими.
Трети блиски комшии што преминаа на клими, за сега. Се помалку оџаци во непосредна близина, одлично!  :D


@Van  Го чини повеќе оти загрева 160м2, со клими ретко кој загрева толку. Стоплен е и топлината му е многу поубава отколку топлина со клими. Башка што секогаш има топла вода во бољерот, во вц-то претпоставувам регистратор и седнува на шоља без да стега заби :D

Јас мислев дека за објективни работи зборуваме, за факти како температури и сметки. Не за кој што му е „поубаво“. :)
Инаку не, кај мене во ве-цето температурата е 2-3 степени пониска од ходникот/другите простории. Сопругата е исклучително зимурлива, па цели 6-7 години ниеднаш не е запалена греалка...


П.С. И кај мене во куќава се загреваат над ~150м2.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5237
  • The Spartan General
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4561 на: 09 Декември 2020, 12:17:16 pm »
Не треба да ти ги маркираат дрвата за да ги сечиш? Без разлика што е твоја шумата и ги користиш за себе?

Не ги сечам јас за греење туку за градежен материјал и за продавање. Тоа што останува оди за греење. А според досегашното искуство, останува доволно дрвја. Плус со стариот сега ги искорнавме сите овошни насади, сега имам слива, цреша, праска дрво за горење. А дивите ореви и багреми што ги имам до секоја нива и растат ко луди...

Ако редовно си пошумуваш и кастриш последните 30 години, секогаш ќе имаш доволно дрва и за продавање и за греење.


Дури и да е поевтино на пелети/дрва, мислам дека јас не би одбрал да губам време на ложење (и куп други обврски кои не се спомнуваат кога се зборува за греењево). Економскиот фактор е само шлаг, не црешната на шлагот од тортата. :)


А, ако треба да избереш централно парно (радијатори/подно) и клими што би избрал?

Инаку да, си има многу работа околу дрвата. Носење, сечење, редење, чистење, ложење итн. Ама друго е да го правиш тоа за мерак додека ти е топло дома со парно, а друго е да го правиш кога дома ти е минус температура а мораш да запалиш оган.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5396
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4562 на: 09 Декември 2020, 12:20:07 pm »
@Luki Junior идеално би одбрал топловодно подно греење со воздух вода топлинска пумпа (што му доаѓа клима уред без внатрешна единица, и наместо нејзе подно греење). Касно се едуцирав, помина тој воз. :-/

Инаку повремено ложење дрва за кеиф, тоа никој не може да ме спречи. Поентата е - заради кеиф - кога јас ќе сакам (Василица, Божиќ, Нова Година, романтики, итн), а не секогаш и заради тоа што ми треба и морам. :)

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4563 на: 09 Декември 2020, 13:42:47 pm »
Kakvi se tie vozduh voda, nekoj lonk da ne imash ? Barav takvi ama ne znam strucno kako gi vikaat.

Отсутен aronmacedon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 253
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4564 на: 09 Декември 2020, 13:51:08 pm »
Луки ептен ја погоди поентата, главна предност на инвертерите е економскиот фактор и тоа е непобитен факт, не знам зошто толку упорно се објаснуваат луѓево што се на пелети/дрва. Никој не ви го спори изборот, за вас е најсоодветен ама тоа не го прави економски најисплатлив. Иако сите имаме различни преференци и потреби, сепак ептен ми е смешно кога ќе прочитам дека греење на дрва е поубаво. Освен што е ваш личен избор па мора да си го браните иако никој не ви го оспорува, друг аргумент и нема за такво тврдење. Јас во куќа се греев 33 години со дрва/пелети, втора  година сум на инвертери. Моите во куќа се греат на дрва 65 години, сега и они се на инвертер. Заедничкиот заклучок е дека 23 степени се 23 степени. Единствено што им фали од греење на дрва е користење на шпорет за готвење. Толку.

И ептен се сложувам со Ван, кога ми е ќеиф ќе си запалам и шпоретот. Ама тоа е само од ќеиф, не за греење :)

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4565 на: 09 Декември 2020, 14:06:46 pm »
Мене на дрва поубо ми е, нз што има птолку смешно во тоа, иако се греам на инвертери јбг.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3886
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4566 на: 09 Декември 2020, 15:58:08 pm »
Има опција за надворешна единица-топлинска пумпа,и подно греење. Подобро нема,и најевтини се експлоатационите трошоци. Ама почетната инвестиција е огин скапа
Тоа е веќе друг муабет, и јас сакав топлинска пумпа, ама Тошиба 16.000еур комплет инсталација за цела куќа, Даикин 11.000еур, вака поминав со 4000€.

Кај мене 80м² се плочки со подно, купатилата се со регистри и повратот од нив го направив подно, останатите 80м² се ламинат и се спални соби со радијатори и сметам дека се зезнав што не ставив секаде подно, јбг, останатите 20м² се гаража која што е лепенка со котларата.

ЕДИТ: Да пелетите ми се економски исплатливи иако купувам од поскапите/квалитетните, цела куќа е константно топла на 22-24⁰С, и пак тврдам дека нема да ми биде значително поефтино со топлинска пумпа или инвертери, за разликата во инвестиција да не правиме муабет...

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4567 на: 09 Декември 2020, 16:15:22 pm »
Да претпоставиме (веруваме) дека инвертерите навистина се толку економични, тоа ќе биде одлично решение за некој што досега греел една соба со ќумбе и трошел преку 5 кубици дрва.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5396
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4568 на: 09 Декември 2020, 16:18:47 pm »
Зошто да „веруваш“ кога можеш да знаеш.
Не е доволно фотографија од мерач за потрошувачка, со часови/денови на користење и потрошени киловати струја? :)

Тоа се точни податоци колку струја потрошила таа клима за цела грејна сезона.


Инаку сите можеме да мислиме како сакаме, но за да „тврдиме“ ќе мора да ги споредиме разликите во цените на енергијата од тие различни начини за греење (кои ги коментираме). Киловат за киловат разликите се преголеми за игнорирање (пелети наспроти клими)... Како што рече aronmacedon поназад, едно е да си задоволен од одредено решение ама нешто сосема друго е да се тврди дека баш тоа е најекономичниот начин.




Kakvi se tie vozduh voda, nekoj lonk da ne imash ? Barav takvi ama ne znam strucno kako gi vikaat.

Пребарувај со „heat pump air to water“.


Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4569 на: 09 Декември 2020, 16:26:06 pm »
Бидејки има поделени мислења, а јас имам од обичните.

Поентата ми беше дека нема многу да им смени на тие што досега грееле една соба ако преминат на клима, освен можеби сметките.
Друго е ако очекуваат таа една клима да им згрее цела куќа.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4570 на: 09 Декември 2020, 17:12:33 pm »
Кај нас ми беше муабетот дали има вакви пумпи, да греат вода наместо воздух, да видев за цена, инаку негде некаде во светот праат вештачко сонце, ама нема нас да не огрее...

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3886
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4571 на: 09 Декември 2020, 17:21:46 pm »
Кај нас ми беше муабетот дали има вакви пумпи, да греат вода наместо воздух, да видев за цена, инаку негде некаде во светот праат вештачко сонце, ама нема нас да не огрее...
Да има, Енергија и Даикин, таму прашував, има и други, и  солени се, јас прашував за зиме греење, лете ладење со фенкојлери плус подно.

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9200
  • Пичлеме

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4573 на: 09 Декември 2020, 18:38:46 pm »
Порното го имам, радијатори, не е подно ама задоволувачко е, првод е мислев на пелети, али 2000 еу е бренер.
Има некој слично, со сметки како сте ? За куќа 100 тина квадрата? Мада нафтената беше 47kw,оваа најверојатно со 16 kw ќе треба повеќе да работи.

Отсутен mmitrov

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 6
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4574 на: 09 Декември 2020, 19:08:55 pm »
Koga sme kaj parnoto nekoj da im iskustvo so Bosh elektronski kotel na struja 18kw za stan 80m2 so dobra izolacija


Sent from my iPhone using Tapatalk