Абе автомобилски ентузијаст сакал нова кола, па добро кој не сака. Ама автомобилски ентузијаст ќе гледа од друга страна, да купи најдобра кола за парите што ги поседува.
За пример ќе го земам Банзаи, пошто поседува возила што јас многу ги ценам.
Зошто купи стара интегра? Ај да не кажувам колку ја купил ама во тоа време за тие пари можел да земе едино нова корса или слично. Тогаш не би бил автомобилски ентузијаст, туку теткица што првите пари ги лупнала на кола која и изгледала симпатично а нема појма за што се работи ниту што гориво троши.
После купи Купер С на старо, за тие пари ќе купеше некој голф 1.4 можда на ново (или како му доаѓа). Дали пак ќе беше автомобилски ентузијаст?
Не ти е баш у ред ова дефиницијава за ентузијаст. 
Според тебе кога некој би бил ентузијаст, а на располагање има 6000 евра, тој би требало да купи нов Спарк така?
Искрено, многу повеќе почитувам некој што ќе купи Спарк од 6000 еур, и што има доволно финансии да го одржува и вози по сите правила и прописи, од колку некој што за истите пари ќе купи BMW или AUDI или Волво со милион км поминати, и бидејќи не може да го приушти вистински, прави милион импровизации во поглед на одржување и користење на истото.
Некои се зезаат со Спаркот на Фаланга, ама најсериозно јас баш го почитувам Фаланга што си купил ново возило кое му брка работа за намената за која што е купено, а не купил некоја канта од "војно лице или баба или не знам кој" преку познат и има само 30000 км за 15 години поминати (у реалност барем 350 000 км поминати). Спаркот може нема спортски возни карактеристики, ама е неверојатно пространо за неговата класа и големина, и за низ МКД брка работа. И ми се бендисува ентузијазмот со кој што се грижи за својот Спарк како треба (а не импровизации кај некој у маалската гаража, па уште импровизациите биле ПРОЕКТ).
Исто, можеби грешам, ама Фаланга ми личи доста свесен за плинот (односно дека не е нешто најбоље на свет, освен што штеди пари понекогаш).
Многу ценам кога е некој реален во своите потреби, куповна моќ и што стварно му треба.
Ич не ценам кога некој ќе купи канта, ќе направи милион импровизации, па уште убедува како тоа е најбоље нешто у свет.
Ти ја разбирам поентата, и си многу во право (јас сум Аудио Ентузијаст, и компонентата што највеќе ми прави ќеиф ја купив половно. Ама и го знаев потеклото, знаев колку време е работена и слично. Цената беше неверојатно добра, затоа и ја земав. Меѓутоа главната причина зашто ја купив половна беше што не се произведува, а замената е далеку полоша од оваа, и не би можело оваа моја компонента воопшто да се купи како нова. Исто, пред купување ми беше дадена на проба од месец дена, па да одлучам после тоа).
Банзаи покрај ентузијастичкото возило (Интеграта), има и скроз нови возила, а и тие возила што ги купил половно се далеку од изамортизирани и безвредни (Мини то и Интеграта која ја купил), и како можам да приметам од тоа досега ги одржува и користи по сите можни стандарди и без импровизации.Исто не гледам дека било која од колите конвертирал на плин.
Исто, убеден сум дека и ти мене ми ја разбираш поентата, и дека се разбираме дека не е така црно и бело

Бидејќи ова тргна од инсталација на плин, секое бушење, сечење и слично за мене е касапење на возилото, освен ако истото не е направено од самиот произведувач на возилото.
На обезвредено и возило што воопшто не ми значи би го правел. На возило што има вредност, што ми значи или што е ново и со гаранција не би го правел. (Криво ми е на пример што не вградив плин на HONDA HR-V на самиот почеток). Тоа возило го купив 3 години на старо со 17000 км поминати, и тоа релативно евтино (9000 еур). На нет не најдов ни еден текст дека има проблеми со вентилите поради плин, и познавам доста луѓе што го возат на плин без проблем.
Ама сепак и на ова возило, не ми се бендисуваше моментот дека ќе ми се подигне подот од багажникот поради боцата и на крај сепак не го направив тоа.
И све има свои предности и маани.. Мене не ми се бендисува ставот кај некои членови, дека ако тој го поседува или го прави истото е најисправно на свет.. Идејата е да се искажат предностите на нештото, мааните, па нека си одлучи секој према своите ставови..