Гласање

Која фирма е најдобрата за местење на плински уред за кола. (пари, квалитет, се)

Плимонт
130 (72.2%)
Новус
15 (8.3%)
Мармил Монт
12 (6.7%)
Кар Систем
15 (8.3%)
Дурла ЛПГ Битола
3 (1.7%)
Плинмонт Битола
5 (2.8%)
Плинстарт Јовус Битола
0 (0%)

Вкупно гласови: 180

Автор Тема: PLINSKI UREDI  (Прочитано 503045 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55351
  • Махер
Одг: PLINSKI UREDI
« Одговори #630 на: 02 Април 2014, 08:57:34 am »
Ако се лажеме. :)

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: PLINSKI UREDI
« Одговори #631 на: 02 Април 2014, 10:00:03 am »
@krell

гледам некако споредбата на бензин дизел ја правиш со хрв-то и цитроенче-то

ако возиш толкав џип дизел не очекувај 5-6 литри потрошња повеќе накај 10+
секако предност е поефтиното гориво,е сега дали и колку се исплати после поминатите километри тоа мора сам да си израчунаш



Па тоа и јас го зборам.. Како што спомнав, тестирав ЦР-В Дизел, и трошеше само Литро или Литро и пол помалку.

Кога тестирав Ц3 Бензин, трошеше литро и пол повеќе. (Значи правев споредба на потрошувачка класа, со класа и возило со возило). Тамам работа да споредувам потрошувачка на Ц3 че и ЦР-В и да се жалам од ЦР-В то колку троши.

Инаку не зборам дека наредна кола можда ќе биде Дизел само ради потрошувачката.. Тоа е само бонус..

Кај возило од тип на ЦР-В, каде што аеродинамичност не му е појака страна, обртниот момент на дизелот и те како би помогнал.

Значи не се фаќајте одма дека дизел би зел само ради потрошувачка. Кај брат ми на Кашкаи -то, просек 9 л/100 а е дизел. Кај мене е 10.5 л/100

И секако би пробал и дизел и бензин, и би зел во обзир и негативностите и предностите на едното и другото.

Без предрасуди :)

Во случајот со ЦР-В то не земав дизел:

1. Разлика во цена 7500 еур

2. Разлика во потрошувачка (пак ќе се повторам. Пробав и дизел), од само литро , литро и пол

3. Потенцијални проблеми со ДПФ и слично (тогаш не планирав втора градска кола, и дека ова воглавно ќе се вози на отворен пат).



Во случајот со Ц3 земав дизел:

1. Немаше разлика во цена бензин/дизел

2. Подобро ми возеше 1.4 HDI од 1.1 Бензин (и тоа многу подобро).

3. Нешто помалку трошеше дизелот

4. Нема ДПФ (инсистирав на тоа)




Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: PLINSKI UREDI
« Одговори #632 на: 02 Април 2014, 10:12:16 am »
Се убедува себе како да купи дизел за следно ауто ;) Go for it Krell, Diesel is the new petrol ;)

Искрено, не треба човек да има предрасуди.. Пробуваш, гледаш ти се допаѓа или не, и купуваш тоа или она што повеќе ти се допаѓа.

Пример кај Ц3 чето. Дизел 1.4 ХДИ осетно подобро возеше од бензинската варијанта.

Исто подобро возеше (само влечењето на моторот го споредувам, не и возните карактеристики други) и од бензинската варијанта на:

1. Сузуки Сфивт

2. Цитроен Ц3 Бензин

3. Тојота Јарис 1.0 бензин (ова треба да се забрани за продажба, колку е тромо).

4. Пежо 208 1.2 бензин

(ова беа потенцијалните)


Јас вака купувам кола:

1. Имам потреба од тип на возило, за некаква намена, точно дефинирам што ми е битно за таа намена

2. Имам буџет цврсто дефиниран

3. Тестирам потенцијални возила што би ми ги исполниле двете први точки. Тоа што ќе се уклопи највеќе, тоа купувам.

Во случајов со 1.4 HDi сериозно сега за сега ме бендисува како вози со само 68 кс, и нема ДПФ па не му се секирам и со кратките релации.

На пример 1.5 дЦИ не ме бендисуваше воопшто (Ама во доста потешка кола , во Кашкаи).



Во случајот со ЦР-В то, во тој буџет (тогаш и доста растеглив беше тој буџет), пробав еден куп возила (пишував за секое од нив).

ЦР-В то највеќе ми ги исполни моите тогашни барања, затоа и го купив. И сега велам дека за таа цена е одлична куповина.

Наредното возило, пак ќе го купам на исти принцип, односно со анализа и пробување на потенцијалните :)

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: PLINSKI UREDI
« Одговори #633 на: 02 Април 2014, 10:41:11 am »
Ако се лажеме. :)

Да, секое второ возило е ЦР-В во Македонски услови, и тоа купено од салон како ново.

Другите 35% се BMW и Мерцедес купени нови од Салон.

Криза годинава, само 15% продадени стварно луксузни возила од салон како на пример Масерати, Ферари и Бентли.. Ај догодина сигурно ќе биде поуспешна година.

И тоа пошто криза и не сакаат да им одат пари кроз ауспух, сите овие 15% се возат на плин (BMW и Мерцедесите ги купуваат како дизел, инаку да беа бензин и тие од Салон одма на Плин).
И така се заработува доста, ќе се купи ново ако се зезне нешто со плинот, шо има врска...Плус нели Ферари на плин подобро се продава како половно, од колку Ферари без плин...

Увезени канти со 200 000км, стари кој знае колку, во Македонија не се возат воопшто.
« Последно менување: 02 Април 2014, 11:39:27 am krell »

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55351
  • Махер
Одг: PLINSKI UREDI
« Одговори #634 на: 02 Април 2014, 10:42:53 am »
BMW 5 со 3.000.000 километри е луксузна кола. Поло со 8км не е.

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: PLINSKI UREDI
« Одговори #635 на: 02 Април 2014, 10:43:51 am »
BMW 5 со 3.000.000 километри е луксузна кола. Поло со 8км не е.

BMW5 со 3000000 км БИЛА НЕКАД  луксузна кола. Ама одамна, кога си бил мал, можда и не памтиш

Поло со 8км е кола

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20897
Одг: PLINSKI UREDI
« Одговори #636 на: 02 Април 2014, 10:51:57 am »
Крел, имаш една опомена за начинот на одговарање на постови (односно секој одговор и цитат во посебен пост).

Еве уште една забелешка од мене за непотребното оставање празни редови. Постовите се долги и непрегледни и рака на срце, замараат за читање. Убаво е да се користат параграфи и нови редови, ама со усул.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: PLINSKI UREDI
« Одговори #637 на: 02 Април 2014, 10:53:53 am »
Крел, имаш една опомена за начинот на одговарање на постови (односно секој одговор и цитат во посебен пост).

Еве уште една забелешка од мене за непотребното оставање празни редови. Постовите се долги и непрегледни и рака на срце, замараат за читање. Убаво е да се користат параграфи и нови редови, ама со усул.


Бидејќи откривам дека побитно ти е во неколку случаи за како се напишани, а не што е нивната суштина, поготово кога станува збор за диксусија Што не одговара на твоите сваќања (во случајов плин).

Некои постови ми се избриашани (сум се трудел да бидат критични и конструктивни), и немам реагирано. Ама...

НЕ ГИ ЧИТАЈ ПОСТОВИТЕ МОИ АКО ТИ ПРЕЧАТ.

За секој случај, еве јас нема да пишувам еден период (10 дена бан).

Фала многу, пријатно


п.с. Баш ме занима колку конструктивни дискусии ќе останат  ако доста престануваат со дискусии, ради што не сакаме да се замараме со овој тип на опомени

п.п.с. Како беше онаа песната од рекламата? Ти си дечко фин, ама не возиш на плин...
« Последно менување: 02 Април 2014, 11:07:56 am krell »

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7272
Одг: PLINSKI UREDI
« Одговори #638 на: 02 Април 2014, 11:20:47 am »
Крел

Камо во начинот на твоето размислување да беа политичариве. Кој знае колку напредна земја ќе бевме до сеа ....

п.с. не се напнувај толку за некој ако ти даде некоја забелешка (јбг како што имаш ти правила така има и администрацијата) верувај се е добронамерно. Инаку стварно двојните одговори ти се некако како навика ... мене не ми пречи, но не е коректрно за другите членови (знаеш она, зашо он да може а ја не :) )

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20897
Одг: PLINSKI UREDI
« Одговори #639 на: 02 Април 2014, 11:24:46 am »
Повеќекратно постирање е спротивно на правилата. Беше опоменат, ти беше кажано како да одговараш на повеќе постови одеднаш, и пак игнорираш. Тоа нема ама баш никаква врска со суштината на твоите постови.

Твое право си е да имаш твои мислења. Нормално дека не секогаш ќе најдеш согласност за истите кај луѓето со кои дискутираш. Јас барем, ниту некогаш сум наметнувал, ниту планирам да наметнувам мои ставови и гледишта врз другите. А дека паѓам у несвест поради тоа што имаме различни сфаќања за некои работи (во случајов плин), тоа малце потешко.

МОРАМ ДА ЧИТАМ ПОСТОВИ, ТОА МИ Е „РАБОТА“.

Дали ќе пишуваш или не, твоја е одлуката. Ако се решиш да продолжиш да пишуваш, гледај да биде согласно со правилата на форумот. Тоа за оставањето празни редови е моја добронамерна забелешка за полесно и попрегледно читање, а не правило.

Поздрав.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6641
Одг: PLINSKI UREDI
« Одговори #640 на: 02 Април 2014, 13:38:39 pm »
Што ми требаше вчера да спомнам за плин :)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 45242
  • Il Moderatore
Одг: PLINSKI UREDI
« Одговори #641 на: 02 Април 2014, 14:58:37 pm »
Се убедува себе како да купи дизел за следно ауто ;) Go for it Krell, Diesel is the new petrol ;)

A ти би купил ново возило од 20к+ евра, па да го пратиш на касап да го конвертираат на плин? Си купил ново и луксузно возило, кое работи перфектно и не испушта ни такт, за наредниот ден да го пратиш во некоја маалска гаража каде што ќе сечат, бушат, чукаат и лемат, НА НОВА КОЛА, за да имаш ебана кола, искасапена. Како ќе работи тоа возило после конверзијата? Како и да работи, твое ќе си биде и ќе си го возиш за век, затоа што гаражата што го направила тоа не може да го отправи. Искасапено е веќе. Ти би го направил тоа на нова кола? Биди реален, не е ова стара канта од неколку илјади евра.

Мислиш дека има мајстор во Македонија што може да смени и исшлајфа вентили во Vti, VVti Mivec и друга варијабилна геометрија, и потоа тој мотор да работи како што работел од фабрика и тие вентили да поминат 300к?

Ако се решам за ново возило, нема да имам пари (барем во моментот како што ми стои финансиската состојба) тоа да биде луксузно возило. Бидејќи ако имам ново луксузно возило, тоа значи дека баш многу и нема да ме погоди потрошувачката на гориво. Повеќе пари сигурно ќе ми одат на подмитување на властите за да ме остаат на раат да бизнисот да си го терам (тешко со државна работа сопствено луксузно возило да се купи на ново).

Во секој случај, ако купувам ново возило, ќе гледам да биде фабрички искасапено

Дали мислам дека има мајстори да исшлајфаат вентили на vvti, vti mivec? Сигурно дека има. Не е многу променето во тој дел од пред 20-30 години. Менаџментот на отворањето на вентилите е обично дел од брегастата, а не е дел од самите вентили. Така да, се` дур не чачкаш таму, на сигурна страна си. Инаку чачкањето на вентили ќе почне ПО 300К километри, а не пред, па да не може да издржи, така да, моторот ќе си ги помине тие без мака, па после тоа евентуално промена на вентили и лежишта, и ќе си тера до крајот на предвидениот животен век.

На крајот на краиштата, кола е, не е нешто што има трајна вредност. Напротив. Губи вредност ко` цигла фрлена од камени мост. Даваш 20-тина илјади, за 5 години веќе ни 10 не вреди. Успут на тие 20 си додал уште 5 за одржување, регистрации, гуми, резервни делови и сл. Значи за 5 години си изгубил 15.000 евра поседувајќи нова кола. Е па нема да и` се секирам ич! Ни малку! Туку ќе пробам да компензирам кај тие 5000 за одржување со намалена потрошувачка на пари и рационални потези во сервисирањето. Во животот постојат многу други работи кои не може да се вреднуваат со пари. Колите само се променлива и минлива работа. Алатка.
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

There’s nothing better than driving a car you fixed

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: PLINSKI UREDI
« Одговори #642 на: 02 Април 2014, 16:19:52 pm »
Според одговорот тебе не ти е многу гајле за возилото...

Јас би прифатил фабрички вграден плин на нова кола, а би касапел 10 годишна кола од 3000 евра без проблем.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3160
Одг: PLINSKI UREDI
« Одговори #643 на: 02 Април 2014, 17:01:16 pm »
Според одговорот тебе не ти е многу гајле за возилото...

Јас би прифатил фабрички вграден плин на нова кола, а би касапел 10 годишна кола од 3000 евра без проблем.

Што да му е гајле толку за возилото? Возило не е стан - ни во него живееш, ни од него можеш кирија да земеш, нити да го дадеш како хипотека за да земеш кредит, нити кроз годините добива на вредност - напротив, губи.

Инаку јас после 1 година ставив плин на возилото.



До Крелл едно прашање, можеби е малце ОТ но има поента:

Во еден друг пост пиша дека возиш 17ки зимски и 18ки летни гуми. Претпоставувам еден комплет бандажи и гуми дошле со колата, а другиот си ги докупил.

Колку коштаат комплет гуми 17ки и 18ки, а колку комплет 17ки или 18ки бадажи (тие што си ги купил)?

Уште пред да го одговориш јас знам дека само комплет гуми се колку инсталирање на плинскиот уред. Не сакам да те напаѓам, но мене лично ми е побитно да ми е поекономична вожњата од убаво да изгледа возилот за тие што го посматраат однадвор.

Ако толку ти е ок Ц3-ката, шитни го ЦР-В-то и купи си уште една. Стварно не разбирам зашто луѓе купуваат коли и после не ги возат. Еден кај мене пред зграда цела работна недела се вози со Берлинго, а само за викенд го пали Фрилендерот.

Сфаќам дека си против плински уред и ок, тоа е твој став. Но греота е да имаш такво убаво возило и да го штедиш.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6641
Одг: PLINSKI UREDI
« Одговори #644 на: 02 Април 2014, 17:04:48 pm »
Симо како што го разбрав и е 100% во право кажа дека ти не треба да и бидеш роб на колата туку таа тебе.