Фала RikiRulz,
Ние имавме главоболки со 1.4 VW моторот кога Порше Македонија, во краток временски период, продаде над 400 возила со плински уред, претежно Октавии и Фабии наменети за такси компании, кога 5-10% од тие возила се случуваше 1 до 2 пати неделно да угаснат.
Позитивно беше тоа што самиот производител на автогасната опрема Ланди Рензо веќе беше запознаен со тој проблем, и беше подготвен во најкраток рок да испрати инструкции за негово надминување, и истиот да се отстрани.
И проблемот со твоето возило спаѓа во таа група на проблеми (преодот од движење на лер – гас)
Генерално кажано, бидејќи јас не го познавам плинскиот уред кој е вграден во твоето возило, а и неговиот софтвер, во услови кога потрошувачката е во граници на нормала,и кога гаснењето е многу ретко,јас би ти препорачал да не се интервенира во плинскиот уред, секоја интервенција со себе носи и шанси за пореметување на неговото добро функционирање.
Тропањето при полнење на резервоарот го предизвикува еден од неповратните вентили, во полначката или мултивентилот (тој на резервоарот), при услови кога притисокот кој го постигнува плинската станица е приближен со тој во резервоарот. Тоа е само една непријатност, и неможе да предизвика оштетување на некој елемент од плинскиот уред или возилото.