Сега браниш атмосферци наеднаш!?
Очекував вакво прашање или одговор.
Не бранам ништо, само да се направи разграничување помеѓу меѓузабрзувањето и еластичноста бидејќи тоа се сосема две различни работи иако едната зависи од другата.
Немора да претицаш камион. Немора. Туку возиш 80 (на дозволено 80) и стига знак 120 и дигаш 120. Или има џандари и возиш 80, ги поминуваш џандарите и дигаш 140. Сето тоа во било која кола се одвива во последна брзина исклучиво, (освен кај седмашите). Меѓузабрзување, излегуваш на авто команда и гледаш типац со црна претјунирана ибица вози 100ка и ти од 60 убрзуваш до 100ка позади него. Нема во 3та да убацам сигурно, со глава гарантирам.
Абсолутно се согласувам дека турбаш-от нуди неспоредливо полагано и поеластично возење од атмосферецот. Различна приказна се, и тоа не го оспорив ниту ќе го оспорувам во било кој момент. Како што објасни, 100% се согласувам со тебе и тоа до сега го имам повеќепати кажано дека со турбаш многу поедноставно ќе забрзам до 80 до 120 во 5-та одошто со атмосферец. И јас како тебе, не сакам да се замарам да вратам во 4-та да ја исцедам до 120, па да качам во 5-та и да ја одржавам брзината. Тоа го правев со Фиестата бидејќи немав друго чаре, со Маздава друга е приказната, забрзува релативно добро после 80 во 5-та, т.е. 80-120 постигнува за 14 секунди во 5-та. Во 4-та и требаат 9 секунди, па не ми се исплати да го фаќам мењачот за да ќарам 3-4 секунди. Но ако морам да претицам на брзинка, тогаш ќе ставам во 3-та во опсег 3000RPM па нагоре, каде моторот на мојата Мазда е најмоќен.
Елем, не ми е битна до толку еластичноста за возење на отворено и рамно. Ако сменам брзина неколку повеќе или помлаку не ми значи ама баш ништо. Но многу побитно ми е возењето во град, бидејќи стилот на возење ми е по агресивен (не улавски, ама ме нервира кога некое дртало ми се влече пред мене). Исто е и на угорница каде има кривини, е тука ми е битно да располагам со снага на понизок обрт. Всушност за сите сценарија најбитно е моторот да е еластичен во средни вртежи, а кај мене тоа се од 2000RPM до 4000RPM. Тоа е крактеристика за турбаш, сеедно дали дизел или бензин.
Значи Дени немаме некое несогласување околу турбо моторите и еластичноста. Меѓутоа меѓузабрзувањата кај различни возила со различни мотори и менувачи, не се споредуваат на начин како што овде тоа се прави.