Автор Тема: Што е поекономично ДИЗЕЛ или ПЛИН  (Прочитано 11873 пати)

Отсутен Jakove

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 6
Што е поекономично ДИЗЕЛ или ПЛИН
« на: 02 Ноември 2012, 20:11:52 pm »
Сакам да купам половен автомобил до максимум 5-6.-000 ЕУР од поново годиште. Притоа како и многу други дилемата е што е поекономично кола на ДИЗЕЛ или кола на ПЛИН. Какви се вашите искуства?
И ве молам без коментари од типот “јас ни кафе не готвам на плин“ туку само дискусија (по можност искуствена) што е поекономично ДИЗЕЛ или ПЛИН од аспект на потрошувачка и/или одржување.

1)Веќе 7 години возам ауто на ПЛИН и сум сосема задоволен од аспект на потрошувачка. Троши околу 10 литри градска на ПЛИН кој наточен во Нас Гас чини 40 ден. литар. Колку е просечната градска потрошувачка на дизелашите?

2)Сум чул коментари дека Дизел возилата кај нас почесто се расипуваат поради лошиот квалитет на дизелот кај нас. Сигурен сум дека ова беше вистина до пред 10-тина години, но дали е сеуште така или ова е веќе само мит, Особено откако дојде Лукоил?

3) Дали има вистина дека Дизел моторите имаат подолг век на траење?

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14072
  • Пудингот на шоферството
Одг: Што е поекономично ДИЗЕЛ или ПЛИН
« Одговори #1 на: 02 Ноември 2012, 20:15:55 pm »
Јас би одел на дизел,поскап е за одржување од бензинецот но не за многу.А кога ке земеш бензинец со плин ке мора да ги одржуваш да речам и двата погони така да одржувањето ке ти дојде скоро исто.
Нафтените деривати се со повисок квалитет и тоа многу во однос од пред 10 години така да немај мака.
Да дизелот оди повеќе од бензинецот,мада со нормално возење и редовно одржување немаат гајле и двата.А плинот му дава подолг век на моторот така да...
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54819
  • Махер
Одг: Што е поекономично ДИЗЕЛ или ПЛИН
« Одговори #2 на: 02 Ноември 2012, 20:30:08 pm »
Како ќе ти се погоди.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Што е поекономично ДИЗЕЛ или ПЛИН
« Одговори #3 на: 02 Ноември 2012, 20:33:43 pm »
Ја би дизел, ако веќе сум со намера да уштедам барем не ќе мора говноно да ми смета у гепек.

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9217
Одг: Што е поекономично ДИЗЕЛ или ПЛИН
« Одговори #4 на: 02 Ноември 2012, 20:47:26 pm »
која кола ќе ти фати око таа,без разлика дали е плин или нафта,мали се разликите :)

а еве по мое би ти препорачал бензин,па ти да си ставиш плин,зошто обично дизелите до 5,6 000 евра се бајаги извозени,па голема е шансата да се зафркнеш :)

Присутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43418
  • Il Moderatore
Одг: Што е поекономично ДИЗЕЛ или ПЛИН
« Одговори #5 на: 02 Ноември 2012, 21:02:24 pm »
1. Многу е битно за која класа на возила станува збор, модерни дизели во класата Б сегментот, (207, ц3, пунто итн) не трошат повеќе од 6-7 дизел градска.
2. Дизелите се расипуваат поради сложеноста на новите системи, а не поради лоша нафта (ова е фактор, ама не е до толку трагично во МК). Common rail пумпа, турбо полнач, инџектори високопритисочни инџектори, и куп други (скапи) делови.
3. Неточно - ова мора да се дискутира поединечно за секој модел. Има дизели кои 300.000 ќе поминат без отворање, а исто така има и бензинци кои го можат тоа.

И на крај, еве ќе земам пример со алфа 147 2.0ts и 147 1.9jtdm 16v, пресметките се многу блиску, да речеме ќе трошиш
За бензинец на плин: 13л на 100км плин =520 денари за 100км,
За дизел: 8л на 100км= 588 денари на 100км.

Бензинецот ќе те награди со подолги сервисни интервали, дизелот ќе те награди со поефтина промена на каиши и затегачи.  Ако се деси квар на некој витален дел од мотор - полесно се поминува со бензинец. Се` на се`, ако не ти смета да возиш со боца во гепек, или со резервна во гаража/подрум, плинот е сосема исплатлива варијанта. Поскапата набавка на дизел возило ќе се неутрализира со цената на инсталација на плински уред + атест.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7595
  • Плинаш!!!
Одг: Re: Што е поекономично ДИЗЕЛ или ПЛИН
« Одговори #6 на: 02 Ноември 2012, 21:10:45 pm »
Интересна тема, и мене ме интересира оваа работа.

Отсутен Peconi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2950
Одг: Што е поекономично ДИЗЕЛ или ПЛИН
« Одговори #7 на: 02 Ноември 2012, 21:16:44 pm »
на Дизел се грее, на Плин се готви а на Бензин се вози :) :) :)

Присутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43418
  • Il Moderatore
Одг: Што е поекономично ДИЗЕЛ или ПЛИН
« Одговори #8 на: 02 Ноември 2012, 21:18:51 pm »
Ако си будала да се грееш на дизел.....

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Што е поекономично ДИЗЕЛ или ПЛИН
« Одговори #9 на: 02 Ноември 2012, 21:19:58 pm »
Од тој црвениот дизел ;D

Присутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43418
  • Il Moderatore
Одг: Што е поекономично ДИЗЕЛ или ПЛИН
« Одговори #10 на: 02 Ноември 2012, 21:27:10 pm »
Пак е поскапо од струја.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14072
  • Пудингот на шоферството
Одг: Што е поекономично ДИЗЕЛ или ПЛИН
« Одговори #11 на: 02 Ноември 2012, 21:29:39 pm »
Симо,заборави во математиката кај Алфата да ставиш и еден литар бензин ;D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Присутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43418
  • Il Moderatore
Одг: Што е поекономично ДИЗЕЛ или ПЛИН
« Одговори #12 на: 02 Ноември 2012, 21:40:45 pm »
Во просек на годишно ниво, доста помалку од 1л на 100км. Сепак, не е за занемарување во пресметките и може да се стави :) Како и да е, земав пример кој е доста чуден, зошто дизелот од алфа троши релативно малку, а бензинецот е богами „лапач“. За други возила - други прессметки.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17298
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Што е поекономично ДИЗЕЛ или ПЛИН
« Одговори #13 на: 02 Ноември 2012, 21:45:16 pm »
Ако се уклучат правите луѓе со прави аргументи во темава, ќе летаат форум боксови. :)
Продолжете, интересно би станало.

Прво, тргни од тоа колку си задоволен од сегашната ситуација, дали ти одговара 11-12 л плин градско возење? Откако ќе го одговориш тоа, продолжи со бирање на конкретно возило кое ти се допаѓа и разгледај кои дизел и бензин мотори можеш да ги најдеш во него. Откако ќе ја истражиш цената на возилото дизел вс. бензин, направи една магематика чисто за потрошувачката, а потоа искусните форумџии ќе споредат трошоци за редовно одржување.

П.с. Бирај што помоќен бензинец.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14072
  • Пудингот на шоферството
Одг: Што е поекономично ДИЗЕЛ или ПЛИН
« Одговори #14 на: 02 Ноември 2012, 21:48:01 pm »
Јас мислам дека најубаво е да каже поконкретно за кои автомобили е заинтересиран,пошо ако генерализираме никогаш нема крај.Па за да не биде тема без крај,а и да му помогнеме колку шо можеме повеќе нека кажи за поточно за кој модел е заинтересиран.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D