Хахаха ЛошиПатишта. Ајде пошто ти е кеиф ќе напишам за да прочиташ и да ти се направи меракот:
Долго време бензинецот владееше со секојдневните автомобили. Една од најголемите цели на секој производител на возила беше да се надминат техничките проблеми за да може дизел мотор да се вметне во патничко возило. Додека дизелот се употребуваше во генератори за струја, камиони, багери, бродови, подморници и што уште не, патничките возила беа лишени од таа привилегија.
Кога конечно се успеа да се монтира дизел мотор во патничко возило дизелот беше спор, тромав, смрдлив, нечист, чадлив и што уште не.
Во помодерниве времиња дизелот е супериорен кај патничките возила (не зборувам за спортските). поголема моќност, поголема концентрација на енергија има нафтата, помал број на вртежи, подолг животен век.
Тоа е факт. Само ти имаш провокативен стил на пишување па создаваш одбивност и инает кај соговорниците, кои не се глупави и знаат дека си во право донекаде.
Со сепак, дизелот не го дига така како бензинецот.... сеуште. Кога ќе видам Ферари, Порше, Ламборгини и плејада други производители на спортски возила да го користат и продаваат тогаш бензинецот ќе стане обсолетен.
Но нема се да запре тука. И бензинците ќе напреднат. Форд веќе експериментира со палење под притисок исто како и дизелите. Тоа треба да ги намали моторите и да им ја зголеми ефикасноста. Времето ќе покаже. Можеби тогаш ќе имаме повторно изедначување