Ја сум си за класика, електроники и такви ствари, не фала. Возам бензинец (читај правосмукалка) класика, бобина, разводник, платинка, свекичка, електроники, сензори не фала, возиш 120 и наеднаш чек енџин, оп некој сензор се побудалел, колата се исправна, ради тој сензор неможам да продолжам со патот, а кај класиката, чепни малку, ке ја направиш.
Исто и со дизелот, класична бош пумпа само, тоа сакам, ништо повеке, турбашите за вас ги оставам
И кога ке направам споредба класика бензин ко во старите добри времиња и класика дизел исто како во старите времиња, дизел на прво место
ПС: Пред 2-3 години одевме за прилеп со опелот се секавам, и колава уште претходно тешко работеше, ама ај таткоми за во град арна му била, ама на отворен пат, колава поише од 70-80 не оди. Возиме така, и докај ногаевци, му прекисна на таткоми, отвора хауба, штелова плинот, не бре јок, не прима. Случајно го вади филтерот за полесно да наштелова и карбураторот, оп колава почна мирно да работи. Дава гас, прима. Факање филтерот преку пат го зафрли таму, и до прилеп и назад до скопје без филтер, опелот лета. А нова кола кај смееш да и извадиш филтер, одма ке се спобудали шал таблата