Државата е крива што Скопје тргна во таа насока, сите инвестиции во изминатиот период, и се што е доходовно отиде во Скопје. За разлика од напредните држави каде што секое село има пат струја и вода, надвор од Скопје, па сега со новава експанзија на градење и во Скопје, нема пат, нема основни услови за живот.
Секој еден документ што треба да се издаде е во Скопје, подобро здравство е во Скопје, по квалитетен начин на живот во Скопје, никој не е будала ако има напредни сваќања да живее во Пехчево и да нема каде квалитетно да го помине слободното време, нема услови за забава, за рекреација, додека во столицата имаш каде да одиш во теретана, да играш тенис, да возиш точак итн итн...
Јас лично никогаш не би дошол да живем таму, убаво ми е каде што сум, еднаш неделно доаѓам на прошетка кај вас, си јадам во Бруклин, ќе си купам нешто од шопинг центрите, на излез обавезно сладолед во капитол и назад дома.
Ако има некое по средено село или населба околу Велес со добра инфраструктура би започнал да правам куќа во него, без многу бучава и гужва, да можам да си еднам да пијам кафе у двор и на ден пладне да не морам да ја слушам комшиката како ја пее доџеш ми у сан. Најчесто местото на живеење не е пресудно за човекот, ако сакаш у џевахир на последни живеј и имај 10 милиона у банка, ако не си човек тоа малку ти вреди.
И на крај, никој не напушта родно место без да има некоја поголема мака, и мене не ми се оди каде што работам по 3 месеци одделен од дома, да спијам до 2м квадратни и да станувам по 3 пати ноќе да проверам дали некој ми украл нафта или роба, одам за пари затоа што без нив сум никој и ништо, така дојде времето јбг, можеби некогаш ќе се смени, а до тогаш секој мора да си ја бара среќата, некој на полесен некој на потежок начин.