Јас немам слушнато било кој да се вработил на конкурс во Македонија онака ферски освен ако не е мизерна платата ))
Од средно школо па до денес имам работено во преку десет различни фирми. Во две од нив бев на раководна позиција и со солидна плата, неколкукратно над просечната плата во рм.
Секаде, без исклучок, бев примен преку оглас, без никакви врски. Во ниту една фирма (освен таа каде што сум сега, но и тука се јавив на оглас) не ни познавав никого од претходно.
Така да, ете, сега имаш слушнато некој да се вработил на конкурс и да не примал мала плата.
Плус позицијата што ја имам моментално е прилично добра и ме исполнува. Имам големи одговорности за два софтвери и тоа ми дава големо задоволство.
Браво. Ретко што може да ти донесе општо задоволство во животот како работа која те исполнува. И ретки се тие среќници. Ти честитам и ти посакувам до пензија да те следи работа која те исполниува.