Автор Тема: Вработување  (Прочитано 578802 пати)

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Вработување
« Одговори #1710 на: 16 Јули 2014, 12:34:17 pm »
Вака-така, забега темава у „Квалитет на живот“ а? :)

Питање: дали имате некој, или познавате некој што успешно се вработил преку конкурирање на конкурсите што „факултети.мк“ ги вадат секоја секунда на Фејсбук?
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Вработување
« Одговори #1711 на: 16 Јули 2014, 12:35:00 pm »
Крелл тоа што не се жалам немора одма да те води кон фактот дека ми се бендисува како живеам или тоа е тоа македонското во нас каде што сите знаеме за другиот?

Добро, тогаш останува само добрата логика на размислување што ја имаш :)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Вработување
« Одговори #1712 на: 16 Јули 2014, 12:35:55 pm »
ОТ: Треба да се отвори тема за Квалитет на живот во МК

Јас немам слушнато било кој да се вработил на конкурс во Македонија онака ферски :) освен ако не е мизерна платата :)))

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Вработување
« Одговори #1713 на: 16 Јули 2014, 12:37:06 pm »
Има, посебно во ИТ секторот скоро 90% се примени преку оглас по принцип на поголемо знаење.

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Вработување
« Одговори #1714 на: 16 Јули 2014, 12:37:52 pm »
ОТ: Треба да се отвори тема за Квалитет на живот во МК

Јас немам слушнато било кој да се вработил на конкурс во Македонија онака ферски :) освен ако не е мизерна платата :)))

Јас знам. Во неколку те странски софтверски фирми. Дури ако сте добри, сеуште има слободни места.

Инаку знаете што ќе се случи за неколку години? Скроз ќе снема интелектуална работна снага во МКД.

На Факултет (барем на ФИНКИ), децава уште во прва година размислуваат како да си одат и како да работат outsource за странци во најлош случај.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Вработување
« Одговори #1715 на: 16 Јули 2014, 12:41:48 pm »
Јас работам outsourcing и сум презадоволен.

Знам 6 души што работеа во EverNear, Netcetera, Seavus и други компании што откажаа работи да си работат од дома.

Плус позицијата што ја имам моментално е прилично добра и ме исполнува. Имам големи одговорности за два софтвери и тоа ми дава големо задоволство.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Вработување
« Одговори #1716 на: 16 Јули 2014, 13:19:39 pm »
Јас немам слушнато било кој да се вработил на конкурс во Македонија онака ферски :) освен ако не е мизерна платата :)))

Од средно школо па до денес имам работено во преку десет различни фирми. Во две од нив бев на раководна позиција и со солидна плата, неколкукратно над просечната плата во рм.

Секаде, без исклучок, бев примен преку оглас, без никакви врски. Во ниту една фирма (освен таа каде што сум сега, но и тука се јавив на оглас) не ни познавав никого од претходно.

Така да, ете, сега имаш слушнато некој да се вработил на конкурс и да не примал мала плата.

Плус позицијата што ја имам моментално е прилично добра и ме исполнува. Имам големи одговорности за два софтвери и тоа ми дава големо задоволство.

Браво. Ретко што може да ти донесе општо задоволство во животот како работа која те исполнува. И ретки се тие среќници. Ти честитам и ти посакувам до пензија да те следи работа која те исполниува.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Вработување
« Одговори #1717 на: 16 Јули 2014, 13:32:12 pm »
Абе изглеа ме разбравте погрешно...

Не ми беше муабетот дали воопшто некој некогаш влегол во фирма регуларно, на конкурс, оти и ја знам многу многу луѓе (малтене сите во моја непосредна близина) кои се вработиле така, туку ме интересира конкретно за конкурсите што ги објавуваат „Факултети.мк“.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3068
Одг: Вработување
« Одговори #1718 на: 16 Јули 2014, 13:42:53 pm »
Вака-така, забега темава у „Квалитет на живот“ а? :)

Питање: дали имате некој, или познавате некој што успешно се вработил преку конкурирање на конкурсите што „факултети.мк“ ги вадат секоја секунда на Фејсбук?

За 1-2 огласи кои искочија знаев од луѓе дека веќе работните места се пополнети и огласите се реда-ради.

Не викам за сите огласи на сајтот бидејќи незнам, знам за овие 1-2 дека така беше.

Отсутен Start Up Mac

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1518
Одг: Вработување
« Одговори #1719 на: 17 Јули 2014, 01:51:44 am »
nesto rabota ima li da ponudi nekoj ? bilo kakva !


Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Вработување
« Одговори #1721 на: 20 Јули 2014, 14:23:31 pm »
Се покажа тој модел како успешен. Во Шведска (Гетеборг) направија експеримент и се покажа како успешен. Со тоа шо работниот ден го направија 6 саати.



Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10460
Одг: Вработување
« Одговори #1723 на: 20 Јули 2014, 21:05:09 pm »

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Вработување
« Одговори #1724 на: 21 Јули 2014, 13:58:46 pm »
http://faktor.mk/archives/116209?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=samo-1-4-od-makedonskite-rabotnici-zemaat-plata-nad-40-000-denari#

..од кај само извадија дека просечна плата во МКД е над 20.000 денари мамицу им...