Симо баш го зборува спротивното од тоа ти што го викаш.
Јас мислам дека Симо за можност рачуна конкретна понуда за работа, конкретно интервју и договорени начелни услови пред да тргне. А не е можност да извадиш документи, да најдеш смештај и да се отселиш, па после ќе видиме полека полека што ќе правиме таму. Бар јас така го разбрав, и ако е така се согласувам со него. Иако според мене и таа можност нема сигурно да ти падне од небо, треба да си аплицираш и да бркаш за некој да те интервјуира и побара баш тебе.
Јас имав можност уште после средно да отидам од државава, да студирам надвор (Италија ми беше опција, а другар ме викаше во Словенија), но јас одлучив дека сакам тука да останам.