Автор Тема: Квалитетот на VW.  (Прочитано 386789 пати)

Отсутен s1n1sa

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 452
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #1785 на: 11 Јануари 2019, 17:16:40 pm »
За  фајтониве сум читал на повеќе форуми дека имаат проблем со каросеријата и дека фаќаат рѓа
Hyundai Elantra 6th G

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #1786 на: 11 Јануари 2019, 20:40:37 pm »
Старо видео... Ме чуди како едно поло си е арно и по 15 5 години, а оваа со маки како 101.

@vlatko.klp и другиве што ќе кажат: „е да бе само VW, а другите“?

Епа другите си ја тераа задачата и си ќутеа. VW снимаше 1000 реклами како они биле лидери во светот, како имале најмоќен дизел, што трошел најмалце. Епа кој највисоко лета, најниско паѓа. Затоа нема муабет „а другите“. VW заслужено се посрамоти пред светот. На другите им останува да молчат, да не ја креваат главата горе зошто и они се мајмуни, направиле лоша проценка кого да следат. Јапонците испаднаа најпаметни од сите и затоа се повторно во предност.

Отсутен marmlad

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4219
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #1787 на: 11 Јануари 2019, 20:52:58 pm »
Да сликам поло SDI од 2006та? Не ќе да беа како фетонов.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29669
    • CARclub.mk
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #1788 на: 11 Јануари 2019, 21:28:37 pm »
Остај ти, Тишлојфер си ги хејта VW. :)

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5044
  • The Spartan General
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #1789 на: 11 Јануари 2019, 21:32:03 pm »
Остај ти, Тишлојфер си ги хејта VW. :)

Додека вози службен голф.   ;D ;D
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #1790 на: 12 Јануари 2019, 01:41:46 am »
Абе ај не ми причајте причу тука, да купевте сите Хјундаи ќе плукавте по VW 24/7 ;D

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20115
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #1791 на: 12 Јануари 2019, 02:07:44 am »
Па претстави го Хјундаито во подфорумот за возила на членови, што чекаш.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #1792 на: 12 Јануари 2019, 07:37:08 am »
Старо видео... Ме чуди како едно поло си е арно и по 15 5 години, а оваа со маки како 101.

@vlatko.klp и другиве што ќе кажат: „е да бе само VW, а другите“?

Епа другите си ја тераа задачата и си ќутеа. VW снимаше 1000 реклами како они биле лидери во светот, како имале најмоќен дизел, што трошел најмалце. Епа кој највисоко лета, најниско паѓа. Затоа нема муабет „а другите“. VW заслужено се посрамоти пред светот. На другите им останува да молчат, да не ја креваат главата горе зошто и они се мајмуни, направиле лоша проценка кого да следат. Јапонците испаднаа најпаметни од сите и затоа се повторно во предност.
VW снимаше реклами за нивниот тди кој што не загадувал само за на амерички пазар, а таму и ги фатија. Барем јас колку што сум запознаен, сите овие останати (опел, цитроен, рено, мерцедес итн.) барем во тој период не извезувале такви мотори на амерички пазар. И ако мислиш дека останативе само го следеле vw и си ќутеле е малку наивно туку ова се знаело цело време. Јапонците (особено тојота и хонда) веќе одамна не се замараат со дизели така да по автоматизам нема што да ги буташ во муабетов.

А во врска со фајтонот пошто ми е во комшии, буквално целава вест од пред 3 години ја снема. Неможеш никаде да најдеш уствари кој е целиот исход од ситацијава. Да бидеме реални, во Европа не се вози само еден фајтон така да во овој случај има нешто повеќе. Можеби е и грешка на ваг но сепак му понудле според гаранција да ги префербаат сите проблематични врати и панели. Е сега сопственикот неќел, што да му правам јас?


Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6743
  • Бенве сие бенве
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #1793 на: 12 Јануари 2019, 07:48:15 am »
Факт е дека вв ги направи едни од најдобрите дизел мотори во ерата на автомобилите. Колку и да е омразен овде на форумов тоа е реалноста. Сведок сум бил на коли со над 900к км без отварам мотор. Секогаш кога ќе се спомне ВВ секому му асоцира на добар дизел, никогашна бензинец. Не се ни сеќавам дали некогаш имале добар бензински мотор. Тоа што загадување е друг моабет и си ја плаќаат цената за тоа.

Sent from my VTR-L29 using Tapatalk


Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5044
  • The Spartan General
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #1794 на: 12 Јануари 2019, 09:23:06 am »
.....

Така е. Меѓудругото најдобриот бензинец (иако не е најпознат) е нивниот 1.8 со зафатнина 1781ц. Го има во 8в, 16в, и 20в изведба. Атмосферец, со компресор и со турбо. Се вградува од времето на голф2 па се до 2007/2008ма во последните ауди а4 б7 со 1.8турбо. Вториот најпознат им е од ауди 5 цилиндраш турбо. Многу од нив вртат стотици илјади километри и во побрзите верзии се страшно малтретирани. На нашите простори е познат дизелот, бидејќи ние како група сме дизелоглави.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен marmlad

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4219
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #1795 на: 12 Јануари 2019, 13:02:47 pm »
Да не зборам за новите 2.0 TSI кои за 15 мин ги прават 500+кс и си тераат со години...

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5044
  • The Spartan General
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #1796 на: 12 Јануари 2019, 14:46:04 pm »
Таа генерација на 2.0ТСИ со и без двојно вбризгување е еден од најдобрите мотори излезени во последните 5-7 години. Неверојатно економичен за во неговата класа, и неверојатно трпи на дување/турбинирање и малтретирање. Фордовиот (всушност е мазда Л мотор со наштрафени форд компоненти) 2.0 екобоост со 200, 230, 252кс, од кои последната верзија е на самата граница на моќ поради конструкцијата со наштрафувани и насадувани компоненти.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20115
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #1797 на: 12 Јануари 2019, 16:04:06 pm »
И покрај големата потрошувачка на масло и слаби затегачи за ланче добри мотори се првата генерација на 2.0 и 1.8 тси.

Отсутен InSides

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 857
  • ...кад звизде шурикени.
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #1798 на: 12 Јануари 2019, 16:33:43 pm »
...Таа генерација на 2.0ТСИ... Неверојатно економичен за во неговата класа...

Лага.  ;D  ;D  ;D

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5044
  • The Spartan General
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #1799 на: 12 Јануари 2019, 16:56:43 pm »
И покрај големата потрошувачка на масло и слаби затегачи за ланче добри мотори се првата генерација на 2.0 и 1.8 тси.

Зборуваме за втората генерација на ЕА888. Првата генерација со 160кс и 179кс се кекави. Тој со 211 е како ти се погоди. После 2012та и втора генерација е друг муабет.

Лага.  ;D  ;D  ;D

Со твојата Октавија на отворено (магистрални патишта) можеш да извадиш потрошувачка пониска од 6л/100км. И тоа без да се влечкаш туку да возиш нормално 80-100км/ч. :)
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.