третиот ден, верувале или не заврши пред малку... 3 и нешто на сабајле...
да не го тупам, пошто ми се спие, на кратко само:
модификациите на држачите за алтернато и серво. вкупно 3 на оваа слика:
п.с. не го глејте тоа мрсното, тазе истечено е АТФ од серво пумпата и цревото од неа... пред да го “клапнеме“ го исправ и тоа со бензин...
и од задна страна држачот за алтернатор
моторот го спуштивме и наместивме. легна на мењач како дете на нокшир... како да се направени еден за друг... хехе
држачот ка мењачот си остана истиот пошто мењачот остана од ескордот... држаот од задна страна на мењачот што се фаќа и на блок се погоди да одговара... арно ама држачот што стои кај сувозачкиот рог не пашеше ни тој од ескордот ни тој од куриерот... се вртевме, се шуткавме, се чудевме што каде и како... прај комбинации ово оно... и ми текна дека уствари на 1 километар од нас има двајца браќа што растураат се и сешто, а меѓу нив имаше и еден упрчен на страна форд, сиера мислам дека беше и баш ја зирнав и ја гледав кога барав капаче за на глава, дизел беше и тоа 1.8 ист како овој... земање држачите во раце и двата, идење таму, отварање хауба и држачот испдна дека е пола од едниот пола од другиот.. ама не се растура на штрафови туку си е заварен фабрички... ПЕЕРООООООООО, колку пари за држачов.. толку и толку, ама да дојдете утре да го извадам... АБЕ КАКВО УТРЕ, ДАВАЈ КЛУЧЕВИ СЕГА ГО ВАДАМ... и перо даде клучеви, за 15 минути го извадивме, се вративме во гаража, “клап“ на место кај што треба и со пуштивме од чекрк...
следуваше нај досадниот дел од работата... да исповрзеш струја, алтернатор, алансер, сменивме сајлата за гас пошто таа е со главче специјално што клапнува на бош пумпата, понатака да се закачи и поврзе, црева, цевки, цевките за сервото... е тие ми дадоа зорт, околу 1,5 саат со нив се зезав, свиткај изврти ово оно и нај после испадна едната цевка да иде преку казанчето за вода... па нека иде ебате... и така испозакачивме сите ситнурии, свртев на клуч да повергла малку да крене нафта (од туба), во меѓувреме наполнив со атф, наполнив и антифриз и еве кратко видео:
малку е темно видеото, пошто моравме да палиме на 10 метри од гаража, не за друго туку, лепенка за гаражата е спална соба од соседната куќа... нема смисла да им рокам у 2 саат сабајле со дизел... кој патем речено нема усисна грана... ја однесов на правење модификации, пошто е пластична мора кај човек што тоа го работи, да ми го сврти усисот од друга страна да дојде, пошто на куриерот филтерот е лево (сувозачко) а на ескордот е обратно...
значи за утре останува, да се среди резервоарот, тајминг релето за греачите, да се спроведе и поврзе сијаличката на шалт табла за греачи, да се види како ке се изведе за сензорот за масло и давашот за температура (ептен се различни и џекови а изгледа и сигнали) да се смести филтерот и граната за воздух, да се заштрафи хаубата, да се повози малку и
машки да се исфорсира заради тестинг и свечено да се предаде во употреба на моја лепша половина... ако биде ден кога се тоа ке завршам, ке напраам едно видео како работи и како звучи... а уствари истиов мотор како работи и колку е тивок се гледа на огласот од куриерот... еве го видеото од него... ова е до само пред 3 дена...
се гледа граната и цревото како иде... а се гледа и глупавото капаче на глава што иде одозгора.. од десна страна кај што е оној црниот круг тоа е уствари вакум мембрана а над неа треба да има уште еден алумински дел што тука го нема.. мембрана се искина и почна да тече масло од неа... затоа и го купив целиот капак...
една моја модификација (која утре ке ја направам), чисто заради заштита е следново:
на куриерот некад имало клима... поради тоа, има една екстра електрична мала перка (порв пут у живот гледам таква) која е специјално дизајнирана за да стои и да дува од надворешна страна на хладњакот... значи перката стои од кај маската. е сега, поради комбинациите со цревата испадна и на долното црево да има термо прекидач..
тоа е уствари цревото од горната страна што стоеше на хладњак, ама на куриерот термопрекидачот е на мотор... а пак таму не стигаше тоа црево па го ставивме од куриерот и така испадна одоздола да има термо прекидач.. ке му турам некој со пониска температура, и ке го поврзам со таа перка.. ако случајно се заебе горниот, има алтернатива и сам ке се вклучи долниот... па и во случај да се запне колата негде по угорници па да крене температура ке се вклучи и втоа перка која ке помогне и ке излади... фина работа нели?
ај поздрав, доста е.. 25 до 4 наутро...