Автор Тема: Густ бело-сив чад при прво палење  (Прочитано 13931 пати)

Отсутен proff

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1441
  • no comment at the moment
Густ бело-сив чад при прво палење
« на: 29 Август 2012, 16:43:17 pm »
Која може да е причината за појавување на огромен густ бело-сив чад при прво палење и после прва туража повеќе да го нема. Во возење нема чад. Тоа не се случува при прво палење и нема некој редослед. Можно е 4-5 дена да не се појави, а можно е после преноќување следниот ден во било кое време кога првпат се пали да има чад.  Ова се случува после рамнењето на деклата но се појави првпат откако на полн резервоар ставив Sonax diesel additiv.  После тоа немам ставено друго гориво бидејќи сеуште има доволно. Колата не троши вода ниту масло ниту прегрева но е зголемена потрошувачката за 1Л. Дали е можно да е изместено палењето при вадењето и монтирањето на деклата, редоследот на дизните или има и други можни причини?
Иста грешка неможиш да повториш два пати. Вториот пат тоа не е грешка туку твој избор!

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Густ бело-сив чад при прво палење
« Одговори #1 на: 29 Август 2012, 18:26:11 pm »
чим веќе си чепкал декла,дизни,палење
ти го препорачувам маршер

Отсутен proff

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1441
  • no comment at the moment
Одг: Густ бело-сив чад при прво палење
« Одговори #2 на: 29 Август 2012, 21:18:13 pm »
Абе јас ништо не сум чепкал само барам мислење дали за овие симптоми е можно изместено палење или нешто друго што можи да е последица при затворањето на моторот. А маршер да ми е во градот немаше овде да прашувам. Тој бил и е за мене авторитет и мајстор на својот занает и секоја му чест но тој не е должен да поправа туѓи грешки...
Иста грешка неможиш да повториш два пати. Вториот пат тоа не е грешка туку твој избор!

Отсутен proff

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1441
  • no comment at the moment
Одг: Густ бело-сив чад при прво палење
« Одговори #3 на: 29 Август 2012, 21:20:52 pm »
Денес малку поозбилно му пријдов на овој проблем и можам да додадам дека чадот се јавува при секое палење само што ако е тоа брзо не се забележува драстично како што е случај после подолго мирување на моторот :(
Факт е дека вакво нешто немаше пред да се отвори моторот туку е тоа post festum и затоа барам мислење дали има основ да барам проблемот да го реши тој што го правеше сервисот
« Последно менување: 29 Август 2012, 21:31:32 pm proff »
Иста грешка неможиш да повториш два пати. Вториот пат тоа не е грешка туку твој избор!

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4997
Одг: Густ бело-сив чад при прво палење
« Одговори #4 на: 29 Август 2012, 21:53:02 pm »
обично така после стоење се или гумици или вогици на вентили, не дихтуваат убаво и масло се слива низ нив

Отсутен proff

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1441
  • no comment at the moment
Одг: Густ бело-сив чад при прво палење
« Одговори #5 на: 29 Август 2012, 21:59:29 pm »
Такви гумици се сменети колку што знам но дали се добро наместени и какви гумици се ставени незнам.
Иста грешка неможиш да повториш два пати. Вториот пат тоа не е грешка туку твој избор!

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Одг: Густ бело-сив чад при прво палење
« Одговори #6 на: 29 Август 2012, 22:09:29 pm »
Зашто мислам дека е непрепорачливо да се рамни глава кај дизел мотори?
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

Отсутен proff

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1441
  • no comment at the moment
Одг: Густ бело-сив чад при прво палење
« Одговори #7 на: 29 Август 2012, 22:11:27 pm »
???
Ако беше така ќе требаше секој да купува нов мотор но, декли се рамнеле и ќе се рамнат секогаш
Иста грешка неможиш да повториш два пати. Вториот пат тоа не е грешка туку твој избор!

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2205
Одг: Густ бело-сив чад при прво палење
« Одговори #8 на: 29 Август 2012, 22:22:59 pm »
Глава рамнеа на пасат цц 2.0 тди 170 коњи на 35 000км,нема врска со нерамнење на дизел.Тоа што ти дими така е знак дека ти влегува масло во цилиндрите кога возилото е во мирување од главата на моторот односно од вентилите.Вади глава една проверка на вентилите.
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен proff

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1441
  • no comment at the moment
Одг: Густ бело-сив чад при прво палење
« Одговори #9 на: 29 Август 2012, 22:27:27 pm »
Фала на советот AUDi. Ако ме разбравте добро овде барам само мислења како би можел да рекламирам сервис или неквалитетно затворен мотор. Јас не се разбирам во работата на моторот и затоа барам објаснување од вас кои тоа го знаете
Иста грешка неможиш да повториш два пати. Вториот пат тоа не е грешка туку твој избор!

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4997
Одг: Густ бело-сив чад при прво палење
« Одговори #10 на: 29 Август 2012, 22:41:16 pm »
Јас да сум на твое место би рекламирал

Отсутен proff

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1441
  • no comment at the moment
Одг: Густ бело-сив чад при прво палење
« Одговори #11 на: 29 Август 2012, 22:47:56 pm »
Тоа и јас го мислам.. Веќе му го спомнав проблемот на сервисерот но тој како можна причина спомна изместено палење што до негде ми беше логично по зголемената потрошувачка но моторот работи мирно и незнам дали изместено палење можи да резултира со чад. Од друга страна и образложенијата што ги дадовте со гумиците на вентилите држат место. Можеби не влијаат на потрошувачката или пак грешам но со чадот и тоа како имаат врска...
Иста грешка неможиш да повториш два пати. Вториот пат тоа не е грешка туку твој избор!

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4997
Одг: Густ бело-сив чад при прво палење
« Одговори #12 на: 29 Август 2012, 22:56:59 pm »
Кога би имал изместено палење чадот би го имало нон стоп. Па сеа околу потрошувачката ако нема добра заптивеност на моторот по некоја логика има шанси да троши повеќе. Но ете ако вика дека изместено палење проверете го палењето

Отсутен proff

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1441
  • no comment at the moment
Одг: Густ бело-сив чад при прво палење
« Одговори #13 на: 29 Август 2012, 23:00:13 pm »
Во секој случај ќе мора да се провери се што можи да влијае на овој проблем
Иста грешка неможиш да повториш два пати. Вториот пат тоа не е грешка туку твој избор!

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Густ бело-сив чад при прво палење
« Одговори #14 на: 29 Август 2012, 23:16:36 pm »
пријател,чим нешто нечини оди таму кај што ти ја правеле колата,кажи му за проблемов и он нека си брка работа,нема ти што тука да се замараш