Автор Тема: Густ бело-сив чад при прво палење  (Прочитано 13922 пати)

Отсутен proff

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1441
  • no comment at the moment
Одг: Густ бело-сив чад при прво палење
« Одговори #15 на: 29 Август 2012, 23:48:25 pm »
Абе така и ќе биди само имам ептен лоши искуства со нашите мајстори.. па затоа и сакав да знам шо се можи да има врска со овој проблем...
Иста грешка неможиш да повториш два пати. Вториот пат тоа не е грешка туку твој избор!

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Густ бело-сив чад при прво палење
« Одговори #16 на: 30 Август 2012, 00:09:17 am »
мислам дека нај веројатно имаш проблем со гумици на вентили и тоа само со еден клип... мењаше гумици на вентили посел рамнењето или ги опнавте старите? а можно е и нови ако сте ставиле, една да се оштетила при местење... значи ако е така, тогаш се случува следново:
во текот на мирувањето на моторот, преку таа гумица, покрај телото на вентилот во клипот влегува масло... при првото палење согорува тоа масло и излегува во форма на густ бело сив дим и тоа трае многу кратко... збориме за маскимум секунда до две и толку.. после нема затоа што гумиците загреваат, се шират и заптиваат добро... значи малку масло, ама тоа е многу мала количина за да се примети дека моторот троши масло збориме за капка една до две... обично ке се примети на поминати 5-6-7.000 километри ке фали пола литро или повеќе, ама не повеќе од 1 литро... и мајсторите по гаражите на тоа велат нешто од следниве муабети:
-па добро, нормално е малку да троши
-не ти е нова колата, нормално е да поттрошува малку
-сите коли трошат по малку
-колку повеке ја стискаш на повисоки обртаи троши (ама јас не стискам) е колку возиш де? не си сигурно под 2500-3000 обртаи низ град (е па да) е па ете ти го одговорот... и они се увек у право а ти си увек ебаната страна....

ако си мењал гумици на вентили по рамнењето на главата, нека ти ја отвори мајсторот пак одзгора и констатирајте на кој вентил гумицата е оштетена... нека си ја смени или нека ги смени сите во гарнитура... ако не си мењал гумици, сепак отвори пак и смени... нема да згрешиш... дијагнозава ти е со 90% точност.. оставам 10% да има евентуално дихтунг заебан (или лош) и ете нешто ново можда ке научам и јас по стари години...


п.с. нај искрен совет кон сите авто клабери и авто фанатици:

престанете главата на моторот да ја нарекувате ДЕКЛА!!!! декла е делот кај цилиндрите и повеќето мотори немаат декла затоа што таа е споена со горниот полу блок на моторот па тогаш тој мотор има блок и глава, а не декла и блок...

знам дека сега некој ке каже дека мајсторите така ја нарекуваат, сите околу така ја нарекуваат и така сите ја знаат... но, декла е декла а глава на мотор е глава на мотор... не е исто тоа... ако тој мајстор има учено во асуц за авто механичар, нема да ја нарекува деклата главата... нај веројатно е “стажант“ во форма на чирак во некој сервис од неколку години, а средно има завршено бог знае што, ама автомеханика не е сигурно... (што не го прави  дека е лош мајстор... школувањето не е репер за добар мајстор, ама за изразите дефинитивно е)...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен VTR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 733
Одг: Густ бело-сив чад при прво палење
« Одговори #17 на: 30 Август 2012, 00:26:44 am »
100% ти се ставени гумици со лош квалитет, мој братучед мајстор се заебаваше така со една тигра, така да барај квалитетни гумици ;)

Отсутен marsher

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • smchiptuning
Одг: Густ бело-сив чад при прво палење
« Одговори #18 на: 30 Август 2012, 00:28:13 am »
Која може да е причината за појавување на огромен густ бело-сив чад при прво палење и после прва туража повеќе да го нема. Во возење нема чад. Тоа не се случува при прво палење и нема некој редослед. Можно е 4-5 дена да не се појави, а можно е после преноќување следниот ден во било кое време кога првпат се пали да има чад.  Ова се случува после рамнењето на деклата но се појави првпат откако на полн резервоар ставив Sonax diesel additiv.  После тоа немам ставено друго гориво бидејќи сеуште има доволно. Колата не троши вода ниту масло ниту прегрева но е зголемена потрошувачката за 1Л. Дали е можно да е изместено палењето при вадењето и монтирањето на деклата, редоследот на дизните или има и други можни причини?

Утната ти е фазата на ланецот, т.е пумпата ти е на касно предвбризгување.Ако е местена без специјален алат,многу веројатно ( на многу наши мајстори не им треба-тоа инжењерите само нешто измислувале )....Зголемената потрошуваќка на гориво е резултат на тоа.Во сите други случаи ќе имаш губење или на масло или на вода...

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Густ бело-сив чад при прво палење
« Одговори #19 на: 30 Август 2012, 00:53:11 am »
Абе така и ќе биди само имам ептен лоши искуства со нашите мајстори.. па затоа и сакав да знам шо се можи да има врска со овој проблем...
тогаш уште од почеток си ја утнал работата чим си отишол кај таков мајстор

Отсутен proff

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1441
  • no comment at the moment
Одг: Густ бело-сив чад при прво палење
« Одговори #20 на: 30 Август 2012, 07:34:15 am »
Јас знам со каков алат и на каков начин маршер го проверуваше аголот на палење пред можеби една година. Овој сервисер колку што знам го нема тој алат и мислам дека има подесувано можеби со некои макери или слично но тоа е далеку од прецизно. Незнам дали поради ова што го кажувам тој одма кога м го спомнав проблемот ми рече дека е можно да е изместено палењето. Искрено ниту знам ниту ме интересира да знам што треба мајсторот да направи. најголем дел од нас овде сме корисници на возила и кога имаме проблем ги носиме на сервис каде што тој што е сервисер препоставуваме дека знае што и како треба да направи.
Инаку гумиците се сменети бидејќи на нив ми беше укажано како на трошок кој е дел од рамнењето на главата на моторот заедно со останатаите трошоци. Гумици се сменети но со каков квалитет се ставени, дали се сите сменети, далисе вратени старите неможам да кажам. Моторот беше затворен кога ја оставив колата на сервис како што беше затворен и кога ја зедов од сервис. Што се направил мајсторот само тој знае или ќе се дознае ако ја однесам во друг сервис но тоа ќе се слчи само доколку овој не го санира проблемот што е последица на неговото сервисирање.
Иста грешка неможиш да повториш два пати. Вториот пат тоа не е грешка туку твој избор!

Отсутен proff

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1441
  • no comment at the moment
Одг: Густ бело-сив чад при прво палење
« Одговори #21 на: 30 Август 2012, 08:39:47 am »
Еве за што станува збор.
http://imageshack.us/clip/my-videos/16/sknwjsqbnoagxyvuioreat.mp4/
Иста грешка неможиш да повториш два пати. Вториот пат тоа не е грешка туку твој избор!

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Густ бело-сив чад при прво палење
« Одговори #22 на: 30 Август 2012, 08:59:05 am »
Toa e toa...
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен proff

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1441
  • no comment at the moment
Одг: Густ бело-сив чад при прво палење
« Одговори #23 на: 30 Август 2012, 09:07:01 am »
Toa e toa...

Кое е тоа Сале? Гумиците или палењето? :)
Иста грешка неможиш да повториш два пати. Вториот пат тоа не е грешка туку твој избор!

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Густ бело-сив чад при прво палење
« Одговори #24 на: 30 Август 2012, 09:19:36 am »
Ete proff, marsher ti go objasni problemot. Se sto treba de da pojdis kaj nego.

Onak, prvpat slusam deka dekla ne e glava na motorot. Absolutno site majstori i luge voopsto sto jas gi znam, pod dekla podrazbiraat glava na motor. Moze toa sto go velis da go potkrepis so dopolnitelni infformacii?

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен proff

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1441
  • no comment at the moment
Одг: Густ бело-сив чад при прво палење
« Одговори #25 на: 30 Август 2012, 09:24:54 am »
Ete proff, marsher ti go objasni problemot. Se sto treba de da pojdis kaj nego.

Колку што го знам маршер, а тоа е негде 2 год. немал грешна претпоставка
Иста грешка неможиш да повториш два пати. Вториот пат тоа не е грешка туку твој избор!

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Густ бело-сив чад при прво палење
« Одговори #26 на: 30 Август 2012, 09:32:30 am »
greska e sto uste odis kaj ojlevci dojlevci, a imas najdeno dobar majstor ;)

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: Густ бело-сив чад при прво палење
« Одговори #27 на: 30 Август 2012, 10:21:23 am »
Луѓе сфатете го и човекот, Битола Скопје Битола не е мала релација.

Профф, на работа кај Маршер учење за чирак, и да си отвориш подружница на Аутопрестиж во БТ. Очигледно си имате мака со механичари.

;D ;D ;D

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Густ бело-сив чад при прво палење
« Одговори #28 на: 30 Август 2012, 10:26:34 am »
Da, no sto pravi toj. Prvin ja nosi vo bitola kade mu ja rasipuvaat, i posle odi vo Skopje za da mu ja popravat. Ke go plati patot sekako, samo ke plati i 2 popravki, a mozno e i 2 pati delovi.




Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен BokiCivic

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3803
  • Боинг 747
Одг: Густ бело-сив чад при прво палење
« Одговори #29 на: 30 Август 2012, 11:44:00 am »
Јас како што гледам ова ми личи на несогорена смеса од нафтата, така да тука треба само палењето да го провериш и да не му се мислиш не е ништо сериозно :) Само да ја однесеш кај мајстор што работи со Опел