Која може да е причината за појавување на огромен густ бело-сив чад при прво палење и после прва туража повеќе да го нема. Во возење нема чад. Тоа не се случува при прво палење и нема некој редослед. Можно е 4-5 дена да не се појави, а можно е после преноќување следниот ден во било кое време кога првпат се пали да има чад. Ова се случува после рамнењето на деклата но се појави првпат откако на полн резервоар ставив Sonax diesel additiv. После тоа немам ставено друго гориво бидејќи сеуште има доволно. Колата не троши вода ниту масло ниту прегрева но е зголемена потрошувачката за 1Л. Дали е можно да е изместено палењето при вадењето и монтирањето на деклата, редоследот на дизните или има и други можни причини?