Автор Тема: Најдобро теренско возило???  (Прочитано 243233 пати)

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #960 на: 13 Јули 2014, 10:42:56 am »
Но, гарантирам дека ако сум внимателен и пазам на поголеми дупки/камења, дека ќе го испентрам мојот Голф на истите места каде што го испентравме Јетито.

Офроуд се оди со 4х4, 6х6 и слично, по можност со заклучени диференцијали. За да не се улетуваш за да поминуваш работи како со 2х4, туку елегантно и споро да ги минуваш препреките без да заглавуваш.

Во смесата од овие два поста лежи поентата. Точно, со 2WD мораш повремено да фаќаш залет за да поминеш. Но, ако го нема граунд клиренсот и мораш да бидеш внимателен и да пазиш - нема фаќање залет. Што ако баш онаму кај што треба да се залетуваш има камења+дупки наа оолкави? Порано или подоцна ќе дојдеш во ситуација да мораш да се залеташ за да пројдеш, а со голфот нема да можеш (пошто треба полека и внимателно за да не го искршиш). Со голем граунд клиренс тој проблем го нема: ако мора да се залеташ - ќе се залеташ. Ако нема граунд клиренс - нема залетување.

A низ Јасен голфот ќе го фрлеше пешкирот во првите 10 минути, пазење ор ноу пазење, веруј, па макар и да беше со погон на сите 4. Просто ќе легнеше на трапот и крај на програмата.

Да се разбереме (по кој знае кој пат): ни у лудило неќам да тврдам дека 2WD кросоверите се добри за офроуд. Не се. Но, да се тврди дека се подеднакво способни офроуд како обична кола - тоа е бесмислица. Ако до сеа така сте кажувале наоколу - престанете пошто некој кој има искуство ќе ви се смее. А ако чуете некој да каже дека ја 2WD кросовер ја обична кола исти офроуд способности, можете слободно да му кажете „другар ми Филип од форум рече дека врска немаш и да не збориш што не знаеш“.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #961 на: 13 Јули 2014, 10:50:10 am »

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29666
    • CARclub.mk
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #962 на: 13 Јули 2014, 10:53:59 am »
@filipv:

Затоа зборев за местата каде бевме со Јетито, не за Јасен.

На местата каде што бевме со Јетито и немаше посебно големи камења. Затоа кажувам дека би можел да го испентарам Голфот. Плус, не сум толку глуп да фаќам залет ни со возило со клиренс ако не го разгледам патот претходно. Ако треба ќе искочам од кола, ќе разгледам како изгледа патот, ќе ги тргнам поголемите камења  (кои можам да ги тргнам), итн.

И кога земам тест возила сум особено внимателен со нив, дури можеби повнимателен отколку со мојата кола.

Знам дека поентата ти е да нè убедиш дека твојот Рено Меган на штули е нешто особено подобар од нашите плебски возила на нормална суспензија, ама не е. Со повисоката суспензија ја намалуваш управливоста, стабилноста и безбедноста. За што?

Никогаш не сме рекле дека обичните коли се подеднакво способни. Ама се клоус инаф. Пре би да имам понеутрално управување и помалку навалување во кривини (со сите безбедносни придобивки кои се резултат на тоа) наместо нешто подобри теренски способности кои ќе ги употребам вкупно нула пати во животот.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #963 на: 13 Јули 2014, 11:23:14 am »
Знам дека поентата ти е да нè убедиш дека твојот Рено Меган на штули е нешто особено подобар од нашите плебски возила на нормална суспензија,

Ни случајно. Кога го зедов немав ни најмала амбиција да го користам за офроуд. Барав нешто со практичност и оперативни трошоци на хечбек, удобност на тешкичка лимузина и капацитет на караванче. Тоа е тоа. Граунд клиренсот е само бонус за сметка на кој не губам ништо (освен пари).

Иначе, кoкошарникот платформата и суспензијата ја дели со X-Trail. Кокошарникот е X-Trail со друга школка одозгора. Кај Меганот суспензијата е тотално различна, иако платформски имаат заеднички елементи и со QQ и X-Trail. Повеќето кросовери се просто подигнати хечбеци со масивни тркала. Кокошарникокт е исклучок од тоа правило. Затоа и се некое иљадарче поскапи од другите кросовери, за сличен мотор и опрема - суспензијата е сериозна, различна од обична кола (зборам за постарите модели, најновиот е без мултилинк и наа оолкави спони)

http://en.wikipedia.org/wiki/Nissan_C_platform#Nissan

    2004 Nissan Lafesta
    2005-present Nissan Serena/Suzuki Landy
    2006 Nissan Qashqai
    2007 Nissan Sentra B16
    2007 Nissan X-Trail T31 (Mk.II)
    2008 Nissan Rogue

ама не е.

Е. Проверено. Докази милион. На пример, пробај да се качиш на Томорос со Меган. Тоа ти е на Галичица. Пиши кога ќе заглавиш уште во долината, да дојдам да те тегнам со најлонско јаже и крос гуми у рикверц.

Со повисоката суспензија ја намалуваш управливоста, стабилноста и безбедноста. За што?

Намалувањето постои само во теорија. Во пракса нема ни да го приметиш, барем кај подобрите кросовери. Дали Јетито ти е неуправливо, нестабилно и небезбедно? Ама искрено кажи.

Никогаш не сме рекле дека обичните коли се подеднакво способни.

Ти не, ама други рекоа (и останаа живи). Се обраќам на нив.

Ама се клоус инаф.

Кога со 2WD кросовер некаде ќе стигнеш, а со обична кола нема да стигнеш, тоа не е клоус инаф.

Пре би да имам понеутрално управување и помалку навалување во кривини (со сите безбедносни придобивки кои се резултат на тоа) наместо нешто подобри теренски способности кои ќе ги употребам вкупно нула пати во животот.

Што значи „неутрално управување“? (навистина не знам, прашувам)

Кокошарникот не се навалува значајно повеќе во кривини од обичен хечбек. Дури, ако споредам со старото ауто (Кордоба) во кривини се однесува значајно подобро, но оставам можност тоа да беше заради старите и истрошени федери+амортизери на кордобата. Суспензијата му е прилично тврда. Не знам зашто го замишљате како млохав полуздишан балон кој игра јојо на нерамнини и кривини.

Но, доста со ова. Не ми беше идејата да зборувам за моето ауто, туку само да го изразам моето воодушевување каде све не помина 2WD Каптивата и бесмисленоста на ставот дека 2WD кросовер е подеднакво способен офроуд како и обично 2WD ауто.

VW Polo Ground Clearance - 168mm

Chevrolet Captiva Ground Clearance - 177mm

Тоa е разликата.  ;D ;D ;D

Речиси дециметар е сериозна, одлучувачка разлика во клиренсот, ар ју кидинг ми? Разлика меѓу „со малку драми и возбуди, поминав со залет“ и „бензадежно заглавив, викајте трактор и купете јаже од првата бензинска“.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29666
    • CARclub.mk
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #964 на: 13 Јули 2014, 11:39:20 am »
Можеби зголемениот клиренс го прави кросоверот покорисен (во некои специфични, инцидентни и ретки ситуации), ама подобар? Не. Си сакал оперативни трошоци на хечбек, удобност на тешкичка лимузина и капацитет на караванче? Си требал да купиш хечбек караванче. Граунд клиренсот е (повремен) бонус за сметка накој губиш ем пари, ем стабилност и безбедност.

Ти си по физиката. Што значи повисок центар на гравитација (тежиште)? Зголемено навалување. Ако сакаш да немаш намалување, треба да имаш поцврста суспензија. Ако имаш поцврста суспензија имаш намален комфор. Со поцврстата суспензија си ги ебеш и теренските способности.

Единствен начин да имаш best of both worlds е да имаш воздушна (и факинг скапа) суспензија. А-ла Range Rover.

Од друга страна, ако решиш дека сакаш повисока (и помека) суспензија имаш зголемено навалување во кривини. Што директно влијае на стабилноста. Moose тестот е совршен пример.

Еве и компилацииче на возила што прошле лошо.


На видеото ќе видиш:

- Toyota Hilux
- Renault Kangoo
- Fiat Qubo
- Citroen Berlingo
- Dacia Duster

Што е заедничко кај сите овие возила? Висината, односно високиот центар на гравитација. Не викам дека сите повисоки возила имаат проблем, ама од тие што имаат проблем, повеќето се високи. И пред да почнеш со „ама ова е во екстремни ситуации“ - не, не е. Ова е при брзини од 70 километри на саат. Пред неколку месеци Jeep Grand Cherokee спектакуларно тропна на Moose test.


Генерално, јас не би купил кросовер (колку и да го сакам Јетито). Не ми треба. За тој еден пат годишно кога ми треба да се испентарам некаде, ќе рентам Лада Нива. За сето друго време, преферирам постабилно и понеутрално возило.

Нема што да замишљам млохав, полуиздишан балон. Точно знам како е, пошто сум го возел, и Кашкаито, и неговите конкуренти.

Едит: Пошто ти едитираш, да едитирам и јас.

1. Значи си одбрал кросовер со цврста суспензија. Комоцијата фрли ја низ прозор. Не си го исполнил ни сопственото барање на „удобност на тешкичка лимузина“. Патем, зошто тешкичка? Сите производители се стремат кон полесни возила, ти бараш нешто потешко. Do you know something they don't?

2.

VW Polo Ground Clearance - 168mm

Chevrolet Captiva Ground Clearance - 177mm

Тоa е разликата.  ;D ;D ;D

Речиси дециметар е сериозна, одлучувачка разлика во клиренсот, ар ју кидинг ми? Разлика меѓу „со малку драми и возбуди, поминав со залет“ и „бензадежно заглавив, викајте трактор и купете јаже од првата бензинска“.

А речиси сантиметар е никаква, неодлучувачка разлика во клиренсот.

Разликата меѓу Поло и Каптива е 9 милиметри. МИЛИМЕТРИ.

Едит 2: The Saga Continues.

Неутрално управување значи помала склоност кон подуправување и надуправување, односно повисока граница пред тоа да се случи. Не дека Јетито е нестабилно и неуправливо. Голфот е постабилен и поуправлив. Небезбедно? Одлични резултати има на EuroNCAP, најверојатно ќе пројде подобро кога ќе се опне со нешто пониско, но во однос на возење, Голфот е побезбеден, баш заради тоа што е постабилен и поуправлив. Јас не реков дека се небезбедни. Реков дека нормалните коли се побезбедни, особено во услови на возење.
« Последно менување: 13 Јули 2014, 11:56:56 am zeroSignal »

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #966 на: 13 Јули 2014, 11:56:20 am »
Што е заедничко кај сите овие возила?

Дела сите овие возила паднале на мус тест. Толку.

Висината, односно високиот центар на гравитација. Не викам дека сите повисоки возила имаат проблем, ама од тие што имаат проблем, повеќето се високи.

Што значи, дека ако е подигната колата не значи нужно дека ќе падне на мус тест, ниту дека ако е ниска нема да падне. Така да клипчето што си го пратил ни зборува за колите на клипчето, не за подигнатите возила воопшто.

Тежината (и цената) на кокошарникот е доле, во подвозјето. Не е просто обична кола, само крената и толку. Такви се некои други коли, но не и кокошарникот. Нагоре школата му е лесна. На овој клип изгледа подобар во слалом од „обичен“ Ситроен, некренат:


Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #967 на: 13 Јули 2014, 11:57:20 am »
Не знам зашто праите муабети за кросовери во тема за најдобро теренско возило. Ниеден кросовер (колку сака нека му е добар погонот), не припаѓа во оваа категорија.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #968 на: 13 Јули 2014, 11:58:31 am »
Се согласувам, но точно и прецизно кажав зошто ги спомнав - за да опонирам на тврдењето дека се подеднакво способи офроуд како обични коли. Толку и ништо друго.

http://en.wikipedia.org/wiki/Decimetre

http://en.wikipedia.org/wiki/Millimetre

Moја грешка, пардон.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #969 на: 13 Јули 2014, 12:02:33 pm »
Цели 9 милиметри по способни. За тоа се сложувам. Може да поминат препрека која е скоро цел центиметар повисока на патот. Тоа е факт.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #970 на: 13 Јули 2014, 12:03:47 pm »
Како беше стручното име за оној аголот кој можеш да го фатиш наперед и позади без да го онадиш браникот или нешто друго?

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29666
    • CARclub.mk
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #971 на: 13 Јули 2014, 12:04:30 pm »
Агол на пристап (angle of approach).

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #972 на: 13 Јули 2014, 12:06:39 pm »
Тенќу, ме мрзеше да гуглам. :)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29666
    • CARclub.mk
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #973 на: 13 Јули 2014, 12:12:18 pm »
На другите прашања/ставови нема да одговориш?

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #974 на: 13 Јули 2014, 12:23:43 pm »
На другите прашања/ставови нема да одговориш?

Со задоволство. Те молам дај ми листа од прашања бидејќи ми е тешко да ги разликувам вистинските прашања на кои очекуваш одговор, од реторските (како дали јас знам нешто што другите не знаат).