Можеби зголемениот клиренс го прави кросоверот покорисен (во некои специфични, инцидентни и ретки ситуации), ама подобар? Не. Си сакал оперативни трошоци на хечбек, удобност на тешкичка лимузина и капацитет на караванче? Си требал да купиш хечбек караванче. Граунд клиренсот е (повремен) бонус за сметка накој губиш ем пари, ем стабилност и безбедност.
Ти си по физиката. Што значи повисок центар на гравитација (тежиште)? Зголемено навалување. Ако сакаш да немаш намалување, треба да имаш поцврста суспензија. Ако имаш поцврста суспензија имаш намален комфор. Со поцврстата суспензија си ги ебеш и теренските способности.
Единствен начин да имаш best of both worlds е да имаш воздушна (и факинг скапа) суспензија. А-ла Range Rover.
Од друга страна, ако решиш дека сакаш повисока (и помека) суспензија имаш зголемено навалување во кривини. Што
директно влијае на стабилноста. Moose тестот е совршен пример.
Еве и компилацииче на возила што прошле лошо.
На видеото ќе видиш:
- Toyota Hilux
- Renault Kangoo
- Fiat Qubo
- Citroen Berlingo
- Dacia Duster
Што е заедничко кај сите овие возила? Висината, односно високиот центар на гравитација. Не викам дека сите повисоки возила имаат проблем, ама од тие што имаат проблем, повеќето се високи. И пред да почнеш со „ама ова е во екстремни ситуации“ - не, не е. Ова е при брзини од 70 километри на саат. Пред неколку месеци Jeep Grand Cherokee
спектакуларно тропна на Moose test.
Генерално, јас не би купил кросовер (колку и да го сакам Јетито). Не ми треба. За тој еден пат годишно кога ми треба да се испентарам некаде, ќе рентам Лада Нива. За сето друго време, преферирам постабилно и понеутрално возило.
Нема што да замишљам млохав, полуиздишан балон. Точно знам како е, пошто сум го возел, и Кашкаито, и неговите конкуренти.
Едит: Пошто ти едитираш, да едитирам и јас.
1. Значи си одбрал кросовер со цврста суспензија. Комоцијата фрли ја низ прозор. Не си го исполнил ни сопственото барање на „удобност на тешкичка лимузина“. Патем, зошто тешкичка? Сите производители се стремат кон полесни возила, ти бараш нешто потешко. Do you know something they don't?
2.
VW Polo Ground Clearance - 168mm
Chevrolet Captiva Ground Clearance - 177mm
Тоa е разликата.
Речиси дециметар е сериозна, одлучувачка разлика во клиренсот, ар ју кидинг ми? Разлика меѓу „со малку драми и возбуди, поминав со залет“ и „бензадежно заглавив, викајте трактор и купете јаже од првата бензинска“.
А речиси сантиметар е никаква, неодлучувачка разлика во клиренсот.
Разликата меѓу Поло и Каптива е 9
милиметри. МИЛИМЕТРИ.Едит 2: The Saga Continues.
Неутрално управување значи помала склоност кон подуправување и надуправување, односно повисока граница пред тоа да се случи. Не дека Јетито е нестабилно и неуправливо. Голфот е постабилен и поуправлив. Небезбедно? Одлични резултати има на EuroNCAP, најверојатно ќе пројде подобро кога ќе се опне со нешто пониско, но во однос на возење, Голфот е побезбеден, баш заради тоа што е постабилен и поуправлив. Јас не реков дека се небезбедни. Реков дека нормалните коли се побезбедни, особено во услови на возење.