Очекувам во темава зеро и дени да ни раскажат како си поминале со 2WD кросоверот кој го тестираа.
Дали офроуд способностите му беа исти како на обична, спуштена кола со погон напред?
Ова го прашувам под импресии на последното возење на рентана 2WD Шевролет Каптива низ резерватот Јасен, до месноста Суроч. Два саати возење низ кал, камења, треви, угорници, нагиби, остри растресити кривини, бутнати дрва.... you name it. Пред возењето со мирна душа ќе се кладев во 1000 евра дека нема шанси да помине таму кај што помина. Повлекувам се лошо што сум кажал за Каптивата. Бевме три коли, од кои два сериозни 4WD теренци со редуктори и чуда... и каптивата. Вкупно 12 души. И сите 12 подзинати од вчудоневидување кај све не помина. За воља на вистината, каптивата ја возеше искусен офроуд возач (не јас, постар колега) кој има бааги акано по планини, но и тој беше пријатно збунет-изненаден.