во конкретниот случај аудито стоеше и кога оној со 200 на саат би возел 40-50 не би се десило ова што се десило... значи полицијата и законодавците треба да се позанимаваат со тоа прашање, т.е. да се вози нормално и законски наместо да се занимаваат со пишување казни за неносење појас, зашто ако се реши тој проблем со споулавени возачи ке нема потреба од каиш...
Казните за појас не се исти како на пример казната за возење во алкохолизирана состојба, но се со иста цел, а тоа е безбедноста, во првиот случај на самиот возач и патниците, а во вториот на самиот возач, патниците и другите учесници во сообраќајот.
За полицијата се согласувам, нешто што најмногу ме иритира е што не ги казнуваат оние со јаките коли, паркирани на велосипедски патеки, 3та лента или триаголници. А да начекаат некој со 101 со расипано светло одма казна ќе му репнат. Јес да законот треба да е ист за сите.
Додека сме кај Аудито, долго време се зборуваше дека се движело на зелено со 40-50, но тоа е најмалце важно во муабетов, го посочив само како пример што се може да се случи.