Може да се пресмета точно со која брзина се движела колата,но за тоа требаат многу точни влези податоци.
Коефициент на триење на асфалтот и гумите(кај нас најверојатно е некоја константа,во понапредните земји се мери на лице место)
Агол на наклон на патот(ова може точно да се измери)
Трага на кочење(точно може да се измери)
Ова се едни од попростите,едноставните влезни информации.
Исто така треба да се земат и оштетувањата на возилата,ако овие информации не си ги земал пресметката ќе ти ја даде брзината со која возилото ќе застанело за толкав пат колку што си го измерил трагот на кочење.Е сега во посовремените земји кои соработуваат со АДАК се зема и факторот на оштетување на возилата,односно со колкава брзина може да настане тоа оштетување.Кај нас за едно 2000000000 години ќе дојде и тоа.
На линкот имаш некоја груба пресметка,која мене ми даде дека за да има траг од 10м потребно е брзина од околу 42км/ч,но ова е најверојатно на прав пат,на надолнина трагот би бил поголем.
http://forensicdynamics.com/stopping-distance-calculator