Ако така тргнеме, тогаш зошто да се водам според реперот колку твоите минути вредат, а колку моите ?
Зошто мора да се репер само твоите минути за временско патување Скопје-Битола ?
Зошто да не се моите ?
Затоа треба да сфатите, полицајци не сте на патиштата, јас возам 130-140 ама ако приметам некој побрзо да вози позади мене, се тргнувам, човекот слободно си поминува покрај мене, се заблагодарува со 4 кратко пуштени жмигавци и тоа е тоа.
Треба да сфатите дека не е се од ваша страна, вас ако 5 минути не ви се вредни, некому се, ти можеби еднаш во 6 месеци го возиш Скопје-Битола-Скопје, јас го возам можеби секои 3 дена неделно, треба да станам, работам, попатно добивам разно разни повици од работа и сега на крај да се објаснувам со тебе или било кој друг дали 5 минути порано или подоцна ке ми сменеле нешто.
Наместо да сфатите да си го гледате својот пат и да не бидете пречка, вие одлучувате демагогии, филозофии, его билдање и делење мудрости на патиштата.
Ништо навредливо, ама верувај и јас порано кога не бев толку активен имав вакви ставови, ама кога ке сфатиш дека некому и 1 минтута му е битна, ке смениш мислење.
Камионџии се со ограничено време за утовар, истовар и да ја пренесат робата, уз пат треба и паузи да прават.
Возиш со 70-80 по авопат, едноставно го кочиш тој човек што секоја минута му е битна бидејки тој е лимитиран на 90 км/ч
Ти си лабавиш, ама тој секој ден е по патиштата за да ја заврши работата навреме, а ако не ја заврши, трпи притисоци од работа итн
Затоа треба да сфатите дека не треба да се поставувате како кочничари, туку напротив, тргни се, кој сака нека оди побрзо, а не да биде еј јас го имам целото време, мора да биде како што мене ми е комфорот.