Регулацијата на паркирање (оставање на моторот кај ти текне), е нешто што мора да се регулира построго. Тое првенстевно не се прави со наплата. За да видиме колкав е проблемот прво треба да се обидеме да бидат обезбедени регулирани паркинг места онаму каде што е неопходно да ги има. Тоа зачи дека нема да го тупнеш моторот онаму каде што не е дозволено. И дека нема да дојдеш до тоа место да го тупнеш возејки по површини резервирани за пешаци и велосипеди.
Петре сака да смисли нешто што нема да го реши ниту едно прашање со паркирањето на мотори. Бидејки сега не ги реши ниту неправилно паркираните, ниту оние кои редовно си возат низ градски парк и тротоари, ниту оние кои редовно си ги бутаат мноротире во влез на зграда. За начинот на возење не ни се обидувам да анализирам.
Да, на моторите треба да им се обезбедат најдобрите паркинг места, после оние за инвалиди. Да, за мторите треба да биде обезбеден соодветен број резервирани и повластени паркинг места. Ако ова ми го обезбеди градот, најмала ставка ќе ми е плаќањето, иако би рекол дека не би било неопходно но ај да речеме дека ете има зорт па морало.
Да, треба да ги мотивираме луѓето да го намалат употребувањето на коли, или да ги казниме за нсовесна употреба со строга регулација на просторот и времето на кој е дозволено возење и оставање на колите. Но нејсе, плаќањето за место за паркирање е проблем на управување со јавни ресурси. Тоа бара покомплетен пристап од фарабње улици и турање табли, собирање пари без нималку да се посвети внимание на обезбедување квалитет на живот за сите кои имаат потреба од користење улица-тротоар.