Сношти,односно рано утрово околу 3ч ме вознемири прво звук од шкрипење на гума и веднаш потоа јак удар.Веднаш излегов на улица и еден 20-22 годишен адолецент имаше погодено едно дрво од дрворедот,проба да ја турка колата со уште неколку случајни минувачи за да не го види полицијата,дури и фатив една рака да ја одстрани колата но една патрола била на само 500м погоре и некој од таксистите ги известил и за неполни 5 мин дојдоа.На пушка права улица без ниту една дупка(чудно нели) тој успеа да се изврти и да погоди дрво,за среќа го погодил дрвото,да не било тоа ќе влезел во приватна ординација.Колата беше пасат ТДИ 92-94 год. а возачот убаво начукан со над 2 промили алкохол во крвта.По негово демек задните стабилизатори/чаури му биле за менување и изгубл контрола.За среќа не оштети друго возило во близина и не беше повредени ниту тој ниту некој друг.