Ем што ги помина двете полни линии во средината и премина во спротивна насока, плус тоа тој со колата го направи додека беше црвено светлото за него и возилата пред него што стоеа.
Еве во кои моменти се пали зелено за него.
Очигледно е тоа дека овој со моторт во моментот кога го проага семафорот и навлегува во раскрсницата, веке е на длабоко жолто или веке во моментот кога навлезе во раскрсницата му се пали црвено.
Од друга страна, паметњаковичот со колата влезе во контра смер додека беше црвено. Која е таа сигурност дека семафорот ке му отвори зелено.
Очигледно овој со колата е од оние најпаметните со слаби нерви кои неможат да трпат да бидат позади некого во сообракајот, мора да биде напред секогаш и за 5 мин што ке стигне побрзо на целта, се прави паметен, пресекува ленти, вози цик цак, блендира на тие пред него што возат 60 км/ч и по пропис и слично.
За мене виновни се и двајцата, со тоа што поголемиот дел од вината го префрлам на овој со колата.