Наточено најлошото гориво до сега.
За оние што патуваат низ Србија да не се зезнат да стават од OMV evro premijum bmb 95 Маxx Motion.
По тапа не сум имал прилика да наточам НИКАДЕ до сега.
Со ова прекрасно гориво градска низ Нови Сад (немаше посебни гужви), поминав 127 км (од кои 20-30 км автопат), и измерив потрошувачка од 14.12 Л/100. Ова ми е тотален рекорд до сега (не беше ни ладно, па да се каже дека ради тоа качило потрошувачка).
Инаку и самата кола како да изгуби на снага и на течност во работењето.
На враќање морав да ставам OMV Maxx Motion 100 за колку толку да анулира тоа тапата од гориво (досипав 18Л од 100 -та).