Па сигурно би размилсил дали да земам дизел ако имаше таква опција!
Атмосферскиот бензин од 1.6 литри кои се нуди како поефтина варијанта е заспан убавица која ни одалеку не е доволна за таа кола, иако соодносот на продадени АСХ возила е 3:1 вокорист на бензинецот, пред се поради цената на дизел моторот! На повеќето обични луѓе не им важно што има под хауба.
Меѓутоа, мене не и важно само да возам кола која ќе биде голема на изглед, а под хауба ќе имам тиња мотор што ќе се мачи кога ќе сакам на автопат да се издувам малку. Не сум тркач, но сакам да згазнам од време на време па тоа ми смета, како што ми сметаше кај цитроенот што после 130 треба да цимкаш на седиштето за да му помгнеш да забрза. И кога сета таа немоќ е подржана со двоцифрена бројка на потрошувачка на борд, некако ти се смачаува, ти се крши сиот филм. Со газење знаеше да извади и 11/12 литри на 100 а при тоа потрошените литри на гориво не ги компензираше со задоволство. Па спрема тоа беше навремено отуѓен без разлика на цената.
Тоа што овој дизел мотор нуди и реално многу ниска потрошувача за она што го пружа, е само факт кој не би требало да се занемари.
А за од точка а до точка Б, доволна е и косилицата на жена ми, под услов да те собира внатре.