Ford Fiesta Econetic 1.6 TDCi победи на британскиот екомаратон кој годинава се возеше во Јужен Велс и во Централна Англија во реални услови на маршрута во должина од 600 километри.
Маратонот го организираат компаниите ALD Automotive и Shell и носи полно име: ALD Automotive/Shell FuelSave MPG Marathon, а победата ја однесе Ford Fiesta со екипажот составен од поранешни рели возачи Ендрју Мериот и Енди Доусон.
Маршрутата на маратонот е избрана така да одговара на реални услови на експлоатација на возилото, па така учесниците мораа да се придржуваат до временски рамки за секоја етапа за да не возат преспоро.
Воедно секој автомобил е следен од уред GPS за да се обезбеди дека екипажот нема случајно или намерно да ја згреши рутата. Така возачот Ендрју Мериот и совозачот Енди Доусон изминаа 595,5 km и остварија просек од 2,596 l/100 km.
На второто место застана Kia Rio 1.1 CRDi Eco чиј екипаж Мик Линфорд и Стив Кроуган оствари просечна потрошувачка од 2,746 l/100 km
На третата позиција остана за Крис Расон и Кевин Џоунс чиј Peugeot 208 e-HDi потроши 3,240 l/100 km.
http://vozi.com.mk/vesti/fiesta-troshi-pomalku-od-2-6-l-100-km.html