Имам една апликација на телефон ги внесуваш полнењата на гориво, километражата и количината на гориво. Од 1ви март па до сега имам поминато 306км со 26.1 литри гориво(2200денари), исклучиво градска вожња, просечната потрошувачка е 8.53 литри на 100 километри. Чекам да потстопли малку, лани во април/мај вадев 7.5л просек градска вожња на 100км.