Едно е перцепција, друго е што вика бордот и просечна брзина, а со тоа и просечна потрошувачка. За да извадиш над 100 км/ч просечна, треба доста брзо да ја возиш голем дел од патот. Лани имав прилика 2-3 пати на враќање од работа да извозам 250 км со брзо темпо, просечна брзина ми беше 102 км/ч со потрошња 6 литри по борд, а со 99 км/ч просечна 5.2 литри. Мотор 1.0 TSI Golf Sportsvan. Јас возев со темпо 140-160 многу голем дел од патот, па пак просечната брзина е таа. Да извадам просечна 130 км/ч, треба да возам голем дел до 170-180 што е премногу.