Автор Тема: Измерена потрошувачка на гориво  (Прочитано 1987256 пати)

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16719
  • Keep it 100
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #16065 на: 16 Септември 2024, 14:10:46 pm »
@386ka Како е кај тебе со потрошња Октавијата?
Скоро бев во Грција, каде со возење генерално до 150км/х, ми потроши просечно 5.7 на ~1600 километри.
Градска се движи од 6 до 8, во зависност од гужви, дистанца и клима.
Најниско што сум видел е на враќање од Лазарополе - 4.2л/100км.

1.5TSI, мануелец.

Колку што се сеќавам и кога бевме пролетва до Хрватска на WRC испадна 5.9 литри на 100 просечна. Поправи ме ако грешам.

Турата беше Скопје - Приштина - Скадар - Петровац - Котор - Роготин - Сплит - Карловац, па возење по локални патчиња низ села 3 дена и враќање преку Карловац - Загреб - Белград - Скопје. Возењето не беше со пазење воопшто, но не беше ни здивување по магистрали, додека на автопат се возеше 140-160.



Вака кога вадите потрошувачки со бензинци под 6 на сто и брзини над 130, сликајте просечни брзини, да ве поверуваме барем  :)

Треба да се возиш за а поверуваш, џабе и на слика вака. Ќе речеш дека е фотошоп. И мене немаше да ми се верува да не бев сведок.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4218
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #16066 на: 16 Септември 2024, 14:29:35 pm »
Едно е перцепција, друго е што вика бордот и просечна брзина, а со тоа и просечна потрошувачка. За да извадиш над 100 км/ч просечна, треба доста брзо да ја возиш голем дел од патот. Лани имав прилика 2-3 пати на враќање од работа да извозам 250 км со брзо темпо, просечна брзина ми беше 102 км/ч со потрошња 6 литри по борд, а со 99 км/ч просечна 5.2 литри. Мотор 1.0 TSI Golf Sportsvan. Јас возев со темпо 140-160 многу голем дел од патот, па пак просечната брзина е таа. Да извадам просечна 130 км/ч, треба да возам голем дел до 170-180 што е премногу.

Отсутен 386ka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 873
  • Am386 DX/DXL-40
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #16067 на: 16 Септември 2024, 14:35:08 pm »
@386ka Како е кај тебе со потрошња Октавијата?
Скоро бев во Грција, каде со возење генерално до 150км/х, ми потроши просечно 5.7 на ~1600 километри.
Градска се движи од 6 до 8, во зависност од гужви, дистанца и клима.
Најниско што сум видел е на враќање од Лазарополе - 4.2л/100км.

1.5TSI, мануелец.

Колку што се сеќавам и кога бевме пролетва до Хрватска на WRC испадна 5.9 литри на 100 просечна. Поправи ме ако грешам.

Турата беше Скопје - Приштина - Скадар - Петровац - Котор - Роготин - Сплит - Карловац, па возење по локални патчиња низ села 3 дена и враќање преку Карловац - Загреб - Белград - Скопје. Возењето не беше со пазење воопшто, но не беше ни здивување по магистрали, додека на автопат се возеше 140-160.



Вака кога вадите потрошувачки со бензинци под 6 на сто и брзини над 130, сликајте просечни брзини, да ве поверуваме барем  :)

Треба да се возиш за а поверуваш, џабе и на слика вака. Ќе речеш дека е фотошоп. И мене немаше да ми се верува да не бев сведок.
Не, повеќе е - според апликацијава што ја имам 6.0л/100км на одење и 6.5л/100км на враќање. Но за враќање секако возевме 140-160...
« Последно менување: 16 Септември 2024, 16:01:13 pm 386ka »

Присутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6477
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #16068 на: 16 Септември 2024, 14:44:33 pm »
Едно е перцепција, друго е што вика бордот и просечна брзина, а со тоа и просечна потрошувачка. За да извадиш над 100 км/ч просечна, треба доста брзо да ја возиш голем дел од патот. Лани имав прилика 2-3 пати на враќање од работа да извозам 250 км со брзо темпо, просечна брзина ми беше 102 км/ч со потрошња 6 литри по борд, а со 99 км/ч просечна 5.2 литри. Мотор 1.0 TSI Golf Sportsvan. Јас возев со темпо 140-160 многу голем дел од патот, па пак просечната брзина е таа. Да извадам просечна 130 км/ч, треба да возам голем дел до 170-180 што е премногу.
Ама не е можно, турбо бензинец и да троши 6. Мора да троши минимум 8 ако го цепаш на отворено.

Сеа малце да се уозбилиме. Ова е веројатно едно од најштедливите бензинци во однос на потрошувачка и перформанси. 2.0 tsi 265.

 
100кмч - 4.5
120кмч - 5.3
140кмч - 6.8
180кмч - 9.4

од 0-100 за 5.58 секунди, респект.





Отсутен andrej_111

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 551
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #16069 на: 16 Септември 2024, 16:53:26 pm »
@Sase_91 кај мене е рачен менувач… ама исто, пример Охрид-Скопје, возење до Кичево плус 20-30 од знаци, по угорниците секогаш држење во повисоки обртаи (истото што го прави и ДСГ во С), гостивар - тетово на темпомат 110, тетово - скопје +30-50 од знаци… потрошувачката е околу 5, под 5. Во обратен правец е под 6…

@andrej_111 имаше октавиа, нека каже и тој дали имал просечни потрошувачки околу 7 на отворен пат…

Сигурно влијае и стилот на возење, може има и некои поинакви софтверски сетирања… плус и аеродинамиката…

3 Октавии веќе свртев со истиот мотор, и кај трите потрошувачката ми беше идентична.

Последната ја продадов пред 10 дена со 10.500км на неа, и за тие 10.500км просекот според борд беше 5,9 л/100км. Никаде не сум ја штедел или сум се замарал дали ќе потроши литар повеќе или помалку.

Инаку од овие 10.500км да кажеме околу 20% се град и 80% отворено. Бордот според пумпа ми беше скроз точен.

П.С. Чекам следниот месец да ми стигне Kамик со 1.5 ТСИ и ДСГ, па ќе видиме кај него како ќе е ситуацијата. Он е доста понеаеродинамичен од Октавијата.
Aus Liebe Zum Automobil...

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13915
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #16070 на: 17 Септември 2024, 10:33:00 am »
Скопје - Битола - 170km (4.6l/100km)
Битола - Неа Потидеа - 297km (5.3l/100km)
Неа Потидеа - Скопје - 307km (5.8l/100km)

Вкупно 774km = 5.2l/100km

Шкодата :) накрцан до заби :) except for the kitchen sink.

Во просекот е земено 1 саат дремење на граница на Меџитилија и уште еден саат дремење на Евзони - имав среќа

Бројкиве се по борд или на пумпа?

Дoбро ќе е и да пишеш просечна или барем начин ан вожња, овие бројки се авдат до 90-100км/ч, со 120/130 темпо нема шанси, едноставно отпорот на воздухот си ја прави математиката ;D

Јас извозев Скопје-Драч-Скопје преку кос, 6.3 ми извади по пумпа  2.0тди, ама цапање здраво, сааааамо динамично ;D  И сега ти со тси ми вадиш 5.2 ;D

Ко овде не полуди тај није нормалан ;D

Истите бројки ги добив кога извозив до Дрезден и назад. 130 цело време на автопат, на други места +10 од знаци.

Не сум ненормален да возам 90-100 на автопат.

Ако сакаш ќе ти сликам и на пумпа :) за сè водам евиденција јас :) Разлика речиси да нема во тоа што кажува бордот.

Кога сакаш, бујрум ќе се повозиме :)

Еве ти еден пример со просечна од 92 km/h.

Да бидеме на јасно: Не велам дека секаде ќе троши 5 литра со просек 90. Зависи од многу работи. Но, ориентационо е тука некаде. До сеа сите мерења ми биле 5.2 просек. Некаде 5.8 некаде 5.1 - зависи.

« Последно менување: 17 Септември 2024, 10:44:13 am Carpathian Lord »

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1000
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #16071 на: 18 Септември 2024, 16:42:42 pm »
Од Црниче -> излез од Скопје во дожд и утринска гужва -> Кичево -> низ Кичево по технички/МВР -> до Сарај по корегиран документ за хомологација -> назад до Црниче. 300 и нешто километри, точно 10 литри на 100км по борд.

На автопат макс 130-140 пошто ме фати јак дожд, Стража накај Кичево ја згазив убаво, накај Скопје возев полека пошто фати магла.

Не ресетирав просечна брзина, утре одам пак истиот пат ќе ресетирам борд целосно.

Поекономична е од 335ката. :)

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7274
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #16072 на: 18 Септември 2024, 16:44:38 pm »
Koлку е капацитетот на резервоарот?

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1000
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #16073 на: 18 Септември 2024, 16:53:50 pm »
Koлку е капацитетот на резервоарот?

50 литри

Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 859
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #16074 на: 20 Септември 2024, 21:05:29 pm »
https://imgur.com/a/eXP1dpu
Скопје низ град 20км-автопат-Београд низ град 20км, 140 на темпомат на автопат
Београд излез-Скопје влез, 135 на темпомат на автопат
Octavia IV 2.0 TDI 115HP DSG

Отсутен aleksandarbt

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 801
  • Opel zafira 2.0 125 kw
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #16075 на: 21 Септември 2024, 00:19:07 am »
https://postimg.cc/YjLPM5mT

Stramota malku.
Zafira 2.0 125kw 2018g

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8622
  • Малерозен дрводарец
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #16076 на: 21 Септември 2024, 00:24:15 am »
Zafirashkai
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7385
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #16077 на: 10 Октомври 2024, 12:00:01 pm »
Скопје- Дизезлдорф локал малце - Скопје; голф 7 2.0тди ремапиран, 2ца плус багаж, вожња пун гас само динамично, +20-30 од знаци цело време ;D

Ова до Градишка, со саглам вожња..


Дизелдорф


Назад до Скопје, цел круг пресметка;


Германија голем дел од патот се поправа, 2 ленти, гужви хаос, не е баш за возење преку ден.

Да бев со октавија 1.5тси ќе заштедев еден резервоар ваљда, ова дизелот неаеродинамичен си троши.. ;D

Кај се тие што викаат дека тди им троши 4/100  ::)

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5546
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #16078 на: 10 Октомври 2024, 12:35:42 pm »
@MecheTo да се јави на каса да ја свежни темата :D
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Присутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14287
  • Пудингот на шоферството
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #16079 на: 10 Октомври 2024, 12:48:01 pm »
Јас сум нај не релевантен за во оваа тема.
Сеуште не можам да кажам поточни и шокирачки бројки пошо ја немам салам извозено.
Поминав околу 200км досега,обврски,работа,сега една недела сум на одмор ќе лежи на аеродром така да...
Има време ќе апдејтираме,мада ете Сабота на пат кон аеродром ако не заборавам ќе ресетирам и ќе видам шо ќе излези.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D