Повторно турбо бензин. 1.5 Ecoboost 150ps.
Се вратив во ветената земја после едно патешествие низ земјите на поранешната заедничка држава. Тргнав пред пет дена и релацијата беше возење по автопат, магистрални и регионални патишта. Вкупно се собра околу 1280 км автопат и околу 1600км магистрални и регионални патишта. Секаде возев со +15-20км од дозволеното освен кадешто не беше возможно (град, села, камери, итн) и нормално клима на 23 степени (автоматска регулација).
Првата релација: Ахен - Вараждин. (950 км автопат, другото магистрални и регионални поради избегнување на словенечка вињета). На автопат темпо 140-160. На магистрала 100-110.
Втора релација: Вараждин - Загреб - Плитвички езереа - Макарска. (150км автопат, другото од кај Карловац преку езерата, до Макарска по Државна Цеста 1 до Макарска).
Трета релација: Макарска - Метковиќ - Требиње (Босна/Република Српска) - Никшиќ. По планините само магистрала. Престигања на шлепери, тамчиња, фапови, комбиња, комерцијалисти, стојадини, голфови тди, пасати и сите други побавни возила само со пуна гас и вртење до макс. Искрено, мислев ќе пукне некаде по тие ридиштата. Исто открив дека ако педалата е залепена за под, многу побрзо прима и престига. Гас до патос и шалтање од шеста во трета.
Четврта релација: Никшиќ - Подгорица - Бач - Краљево - Крушевац - Ниш - Прешево - Куманово - Велес - Подареш. Автопат возено од Појате па се до Велес (освен Грделица). На автопат возено 140-160. Другото како дојде. Имаше јаки кривини и престигања по долината на Тара и од Нови Пазар до Крушевац. Гас до патос и шалтање од шеста во трета.
Се на се поминати 2860км. Просечна по борд, 5.4л/100 километри. Просечна брзина 75км/ч. После пресметките реалната потрошувачка 5.6л/100км. Бордот и официјално кажува 0.2л помалку отколку реалната потрошувачка.
Накратко, само турбо бензин.