Да, сум приметил разлика. Кога дојдов со TBi-то од германија, на прво ставање тука во МК, светна чек енџин. По дијагностика, Нок сензорот веќе не можеше да го ретардира палењето (лимитот на ретардирање беше постигнат), пропратено со буст лимит на 0.6 бари. Тогаш решив да ги пробам сите горива на познатите пумпи - Макпетрол, Лукоил и Окта (Пуцко), од сите октанажи. Ако најдеш постовите од пред година, година и нешто, ќе прочиташ и како ги имав рејтувано. Тогаш со прилично скепса, решив да ставам на Супертрејд. Од тогаш ниеден чек енџин, и рееетко кога буст лимит, но од тогаш нема запишано во еку-то грешка врзана со нок сензор. Лани за 11 Октомври, тргнав накај Грција, и решив да наполнам 98-ца на пуцко пред граничен премин. Нормално, веднаш се осети разлика, буст лимити и чек енџин после Солун
Од тогаш, секогаш кога можам ставам 100ка од Супертрејд и колата си „везе“. Novitec јунитот, кој меѓу другото го зголемува максималниот буст за 0.2 бари, прави уште повеќе да биде осетлива на булшит што се продава по нашиве пумпи.
Исто така, во темата за квалитет на горива, имам кажано дека на 166-ката и на Стилото не се осеќа разлика, но од денешна гледна точка ако ме прашаш, секогаш и на секоја кола би ставал од тоа гориво, заради мирна совест (На стилото речиси секогаш се точи од Shell горивата).
Shell so 100 октани е само V-power. Не вервуам дека е V-Power Nitro +, но за наши услови и ова е одлично. 95-ката и дизелот претпоставувам дека им се од тие „Еко“ варијантите.
За дизелашите не знам како е покажано. За мојата кола, моментално најдобро горво во државава може да се наточи на пумпите кои имаат 100-ка од Супертрејд. Втора варијанта е 95-ка од Супертрејд, трета варијанта - веќе не е битно, окта, макпетрол, лукоил... исто ѓубре е мање-више.