Алал му вера на човекот што во Македонија ќе купи електричен автомобил. Претерани се со цените апсолутно сите. Далеку е купување на електричен автомобил за нас во наредниве 10-15 години.
Што гледаше? И дали виде 1 година употребувани со 40000км?
Ги гледав онлајн ценовнициве и под 30 нема ништо што е корисно и употребливо, така да веројатно нема ни да одам во живо да гледам, колку и да даваат попуст па е прескапо. Далеку поскапи се од еквивалентните возила со конвенционален мотор.
ID3 и е208 Почнуваат од 35к, опремиче им треба барем 3-5к за да заличат и стасуваме до ненормална сума од 40к за скоро па само градско возилце.
Настаро не гледам зошто скоро и да нема употребувани што се продаваат. А од Германија да носам електрично возило, не би. Си треба асолна подршка, особено додека поминат неколкуте години со детски болести.