Ne znam niedna drugo vozilo sto mora da ima maslo nad min. Ako Alfite benzinci se tolku osetlivi na maslo, zosto max ne go oznacile kako min?
Да пробам да одговорам по ред:
1. Возењето со минимум масло може да доведе при екстремни услови да остане недоволно подмачкан долниот дел на машината. Ова е речиси невозможно, но може да се случи. (возење во круг со макс G за да го однесе маслото на еден крај од картерот)
2. Кај Twinspark машините постои heat exchanger, Помеѓу маслото и разладната течност, па маслото додатно се разладува - и го разладува моторот со помош на овој систем. За правилно функционирање подобро е да има 5л масло (макс. на цртка) отколку под 4л масло (минимум на цртка)
3. Повисокиот притисок кога маслото не е на минимум, помага за подобра работа на варијаторот. Некои дури и викаат дека чувањето на маслото на макс. цртка им го решава проблемот со тропање при палење. Јас сум приметил дека со повеќе масло во мотор, помалку се осеќа тропкањето од варијаторот (дури и ми доаѓа како сигнализација кога да проверам масло во мотор).
4. Максимумот не е означен како минимум, зошто над таа граница веќе ризикуваш други проблеми со системот за подмачкување.
Секако, ако сакаш секој ден да проверуваш масло (јас поминувам некогаш и по 400-500км дневна рута) и да пазиш да не отиде под минимум. Вози си ја на минимум, твој проблем, мене ми е полесно да стаам на макс, да извозам еден месец и да бидам мирен дека не поминала под мин.
[/quote]
Т.Спарк не се чува на минимум зошто никогаш не знаеш кога ќе му текне да испие малку повеќе од очекувано
Точно така. Поентузијастичко возење, може да однесе повеќе милилитри масло по километар. Тоа е напишано и во упатството:
The oil consumption depends on driving
style and the conditions under which the
car is used.
Тоа е технички невозможно и неразумно. Со други зборови ако е така тогаш е design flaw или како уште кажуваат defective by design.
Од која причина може да се случи тоа?
Обрати се кај жабарите, они праат дефектни машини по дизајн
Горе е наведена причината наведена во упатството. Јас би додал, екстремни температурни услови и градски гужви додаваат потрошувачка на масло по извозен км (но не по работен час).