Автор Тема: Problem so klima  (Прочитано 201200 пати)

Отсутен TDI power

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 26
Одг: Problem so klima
« Одговори #585 на: 30 Јуни 2017, 16:39:03 pm »
Јас сеуште си имам мака со Алфата. Ако крене температура надвор 37-38 степени и работи во место, гаси климата.

На 40 степени и во градска вожња знае да изгасне.

На отворено нема гајле.

Ја однесов на 2-3 мајстори, не знаеја да го лоцираат проблемот и сите ми викаат дека можда имало некој систем за самозаштита на компресорот.

Екстремно ме нервира ова.

Проблемот е прегревање на фреонот и исклучување на компресорот заради негова заштита.Можни причини : запушени ребра на кондензатор-ладилник за клима со нечистотија или закаснето вклучување на перка од вентилатор... 

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13859
Одг: Problem so klima
« Одговори #586 на: 30 Јуни 2017, 16:50:36 pm »
Перката уклучува одлично, има фреон, никаде не пушта, работи одлично до кажаната температура. Е сеа запушени ребра...Не знам точно каде се наоѓа (на која страна од моторот. Ептен е све начичкано не се гледа ...

Отсутен TDI power

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 26
Одг: Problem so klima
« Одговори #587 на: 30 Јуни 2017, 17:03:41 pm »
Перката уклучува одлично, има фреон, никаде не пушта, работи одлично до кажаната температура. Е сеа запушени ребра...Не знам точно каде се наоѓа (на која страна од моторот. Ептен е све начичкано не се гледа ...
Обично кондензаторот е на надворешна страна пред ладилникот за вода,значи позади предниот браник и маска на возилото,ако е чист тогаш проблемот би го барал во пресостат (дел кој го контролира работењето на компресорот)

Отсутен TDI power

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 26
Одг: Problem so klima
« Одговори #588 на: 30 Јуни 2017, 17:05:37 pm »
Приметив завчера, кога почнаа екстремниве температури, климата баш и не ладеше добро. Колата ми беше скоро цел ден на сонце, баш во оној период кога препорачуваат да не се излегува, од 10:00 до 17:00 :) . Вчера иако беа 42 степени, ладеше подобро од завчера, ама сепак сакав да проверам и отидов кај Цеко, се јавив и истиот ден ми кажаа да дојдам после 17:00 часот. Еден од мајсторинките ги пипна цевките и кажа дека се ладни и би требало да лади климата, ама му објаснив што е проблемот и ја стави колата на онаа машина/компјутер за фреон и др. Му покажа дека компресорот работи на 15,5 бари и дека температурата на фреонот е околу 16 степени, а за да лади на овој пекол, компресорот требало да работи на 18 бари и температурата на фреонот да биде испод 10 степени. Компресорот е половен, наместен пред месец и пол и имам гаранција 1 година. Меѓутоа не можам да му кажам на тој дека не работи компресорот, кога реално работи ама сепак не идеално за овие температури.
Знае ли некој оптимално на колку бари треба да работи компресорот и дали вентилот може да има врска со ова или не е поврзано едно со друго?
Искрено незнам што да правам сега, некој совет?
За оптимална работа на компресорот притисоците се 2 бари на низок и 12 бари на висок притисок...

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4972
Одг: Problem so klima
« Одговори #589 на: 30 Јуни 2017, 17:43:49 pm »
Нели притисоците на испарувањата се во зависност од надворешната температура и влага, имаше некои таблици колку што се сеќавам?

Отсутен TDI power

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 26
Одг: Problem so klima
« Одговори #590 на: 30 Јуни 2017, 23:16:08 pm »
Секако дека отчитувањата на инструментите варираат во зависност од амбиенталната температура и постои толеранција колку би можело тоа да биде.Горе споменатите бројки се идеални вредности за работењето на системот

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Problem so klima
« Одговори #591 на: 01 Јули 2017, 00:19:13 am »
TDI се гледа дека се разбираш доста, каде работиш?

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6214
Одг: Problem so klima
« Одговори #592 на: 01 Јули 2017, 01:30:04 am »
Сабајлево на сервис ни дојде еден со BMW e46 постаро од првите генерации 97 тука некаде. Имал проблем со климата не му ладела.
Ставивме колку што пишува на налепницата под хауба околу 700gr фреон, арно ама прави голем притисок системот и извадивме прво 50gr па уште 50 за да стигнеме до 350gr фреон при нормален притисок. Арно ама, при таа количина на фреон во системот не уклучува компресорот и нема клима. Знае некој што може да биде проблемот?
Ако не сте го решиле пробемот до сеа проберете дали уклучува перката додека работи климата во лер,знае да скине конци контролерот на перката и да не го уклучува.а автоматски ако нема шо да го лади фреонот во лер почнува да дига притисок дури над 30 бари.

Отсутен TDI power

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 26
Одг: Problem so klima
« Одговори #593 на: 01 Јули 2017, 08:38:45 am »
TDI се гледа дека се разбираш доста, каде работиш?
Фала Achtung,можеби разбирам доста но не знам се. Работам како сервисер на авто клими во OH ,секојдневно учам и се среќавам со нови проблеми и искуства.Многу слободно време немам овој период ама кога имам го читам форумов и нешто што знам би го споделил со вас. поззз

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2327
Одг: Problem so klima
« Одговори #594 на: 02 Јули 2017, 14:46:58 pm »
Приметив завчера, кога почнаа екстремниве температури, климата баш и не ладеше добро. Колата ми беше скоро цел ден на сонце, баш во оној период кога препорачуваат да не се излегува, од 10:00 до 17:00 :) . Вчера иако беа 42 степени, ладеше подобро од завчера, ама сепак сакав да проверам и отидов кај Цеко, се јавив и истиот ден ми кажаа да дојдам после 17:00 часот. Еден од мајсторинките ги пипна цевките и кажа дека се ладни и би требало да лади климата, ама му објаснив што е проблемот и ја стави колата на онаа машина/компјутер за фреон и др. Му покажа дека компресорот работи на 15,5 бари и дека температурата на фреонот е околу 16 степени, а за да лади на овој пекол, компресорот требало да работи на 18 бари и температурата на фреонот да биде испод 10 степени. Компресорот е половен, наместен пред месец и пол и имам гаранција 1 година. Меѓутоа не можам да му кажам на тој дека не работи компресорот, кога реално работи ама сепак не идеално за овие температури.
Знае ли некој оптимално на колку бари треба да работи компресорот и дали вентилот може да има врска со ова или не е поврзано едно со друго?
Искрено незнам што да правам сега, некој совет?

Сепак пак бев кај луѓето што ми го наместија половниот компресор, го проверија на дијагностика и се беше идеално, меѓутоа јави проблем со клапната (електромотор за регулирање температура) од лева страна. А од кај Цеко одма би да увалат компресор, скроз се разочарав од нив.
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43651
  • Il Moderatore
Одг: Problem so klima
« Одговори #595 на: 02 Јули 2017, 15:41:57 pm »
Перката уклучува одлично, има фреон, никаде не пушта, работи одлично до кажаната температура. Е сеа запушени ребра...Не знам точно каде се наоѓа (на која страна од моторот. Ептен е све начичкано не се гледа ...
Јас знам кај мене на 166, ecu-то ја гаси климата ако температурата на моторот се качи над 113 (или слично) степени. Тоа го пишуваше и во E-Learn, и за 166 и за Стилото. Не сум проверил за 147 и за дизели како иде, но идејата ми е, да не имаш проблеми со термостатот на колата, па да ти ја држи работната температура на повисоко, а кај дизелите да е помал прагот на гасње, зошто тие сакаат поладна околина? Закачи multiecuscan во такви ситуации, и види колкава ти е температурата на разладна, не се раководи само према мерачот на табла.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3896
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Problem so klima
« Одговори #596 на: 02 Јули 2017, 15:43:58 pm »
Кај мене така се гасеше климата на повисока надворешна температура.

Испадна наједностсвен проблем - вишок фреон. Испуштија малце, и од тогаш е топ. ☺

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20107
Одг: Problem so klima
« Одговори #597 на: 02 Јули 2017, 15:50:51 pm »
Не ми лади климата доволно, фреон има филтер за кабина е чист. Што следно?

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11735
  • Архитект
Одг: Problem so klima
« Одговори #598 на: 02 Јули 2017, 20:04:25 pm »
Не ја вози на 41степен во сенка.

Ако мораш, кликни да го врти внатрешниот воздух.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20107
Одг: Problem so klima
« Одговори #599 на: 02 Јули 2017, 20:09:19 pm »
Ја немам возено откако беше 30тина степени. Сега сигурно уште полошо е.