Првпат на форумот? Добредојдовте, и погледнете ги правилата!CARclub.mk е достапен и на Facebook како и на Twitter!
Јас сеуште си имам мака со Алфата. Ако крене температура надвор 37-38 степени и работи во место, гаси климата.На 40 степени и во градска вожња знае да изгасне.На отворено нема гајле.Ја однесов на 2-3 мајстори, не знаеја да го лоцираат проблемот и сите ми викаат дека можда имало некој систем за самозаштита на компресорот.Екстремно ме нервира ова.
Перката уклучува одлично, има фреон, никаде не пушта, работи одлично до кажаната температура. Е сеа запушени ребра...Не знам точно каде се наоѓа (на која страна од моторот. Ептен е све начичкано не се гледа ...
Приметив завчера, кога почнаа екстремниве температури, климата баш и не ладеше добро. Колата ми беше скоро цел ден на сонце, баш во оној период кога препорачуваат да не се излегува, од 10:00 до 17:00 . Вчера иако беа 42 степени, ладеше подобро од завчера, ама сепак сакав да проверам и отидов кај Цеко, се јавив и истиот ден ми кажаа да дојдам после 17:00 часот. Еден од мајсторинките ги пипна цевките и кажа дека се ладни и би требало да лади климата, ама му објаснив што е проблемот и ја стави колата на онаа машина/компјутер за фреон и др. Му покажа дека компресорот работи на 15,5 бари и дека температурата на фреонот е околу 16 степени, а за да лади на овој пекол, компресорот требало да работи на 18 бари и температурата на фреонот да биде испод 10 степени. Компресорот е половен, наместен пред месец и пол и имам гаранција 1 година. Меѓутоа не можам да му кажам на тој дека не работи компресорот, кога реално работи ама сепак не идеално за овие температури.Знае ли некој оптимално на колку бари треба да работи компресорот и дали вентилот може да има врска со ова или не е поврзано едно со друго? Искрено незнам што да правам сега, некој совет?
Сабајлево на сервис ни дојде еден со BMW e46 постаро од првите генерации 97 тука некаде. Имал проблем со климата не му ладела. Ставивме колку што пишува на налепницата под хауба околу 700gr фреон, арно ама прави голем притисок системот и извадивме прво 50gr па уште 50 за да стигнеме до 350gr фреон при нормален притисок. Арно ама, при таа количина на фреон во системот не уклучува компресорот и нема клима. Знае некој што може да биде проблемот?
TDI се гледа дека се разбираш доста, каде работиш?