сите авто клими губат фреон по малце. и тоа е логично и нормално, бидејки имаат еден дел со гумени црева. гуменото црево неможе да го издржи тој притисок МОЛЕКУЛАРНО а да не губи. е сега зависно која клима со кој компресор е монтирано па така зависи и со кои притисоци работи климата па директно од тоа зависи и загубата на фреон. во просек, велам во просек од возила што доаѓаат кај нив, како податок од 2 фирми кои професионално се бават со тоа се работи за губење од 15 до 35% на годишно ниво. јас како познавач на оваа проблематика прежалувам илјадарче секоја година и идам да си го проверам нивото на фреон во возилата... така и оваа година, фалеа 310 грама, наспроти 370 кога прв пат го полнев, а собира вкупно 780 грама. тоа е околу 30%
од друга страна реното ми губеше околу 100-120 грама на годишно ниво што е едвај 15%.
инаку авто клима во просек може да работи со присуство до 30% фреон (70% да изгуби), под тоа ниво во принцип ке изгаси пресостатскиот прекидач или ако е заглавен истиот ке прегори компресорот, бидејки нема што да го лади, а секој втор е закочен бидејки тие имаат краток рок на траење и треба да се менуваат, само кај нас никој нема да фрли 30 евра за сигурносен прекидач.
мој совет е како и со маслото, како и со филтрите, како и со сите течности, секоја година да си правите контрола на климата-фреонот, т.е. да ги прежалите 10-15 евра ГОДИШНО за да си ја имате климата во возилото во перфектна кондиција, без да се плашите дека ке ве остави негде во небрано. во нај лоши но не ретки сценарија што сум ги видел е да се укочи компресорот и да го скине каишота (за оваа сезона до сега дури 4 а тек е почеток на лето), а од друга страна тој каиш нај често е врзан со серво и алтернатор... значи се укочува климата-компресорот, кине каишот и вие останувате без волан (станува тежок како на јсп автобусите стари) и без струја за возилото. во таква состојба можете да извозите максимум 50-70 километри. замисли дека тоа можеби ке ви се деси на одмор некаде.
што да направите за да спасите колку толку?
прво и основно ВЕДНАШ застанете и изгасете го моторот. обавезно исклучете контакт и извадете го клучот од брава. извлечете го скинатиот каиш надвор од моторот. скинат каиш оставен во мотор може и веднаш а може и брзо или покасно да направи огромен проблем, да влета негде кај што не треба, да усука и искине инсталација или недај боже како што јас сум видел е да влета во ребрастиот каиш и да го рипне... отиде моторот јабан.
следно е со изгасени светла, изгасено радио, и без играње со прозорите, со пониски обртаи на моторот да пробате да го најдете првиот сервис (со едно палење и не гасење на колата воопшто додека не го најдете), кај што ке ви сменат каиш и ке ви ја исклучат-одкочат климата. во нај лош случај може да се деси да мора да го демонтираат компресорот и да добиете помал каиш колку за до дома да стигнете. значи ова ако ви се дешава во странство, а ако ви се дешава во МК, тогаш исто како првото, извадете го каишот и полека, без брзање, одвозете се до кај мајсторот.. ако ви изгледа премногу комплицирано, паркирај те се и преку вашиот втор миленик во џебот, повикајте пријател кој што разбира нешто...
не заборавајте секоја година да си го мењате полен филтерот. тој е идеално место за собирање на разно разни бактерии и вируси. низ него цело време иде воздух, парното влече воздух низ него и во зима...