пред 14-15 месеци полагав... ама не е сменето ништо од тогаш мислам...
возиш помеѓу 2 линии, дебелина 15 сантими ти е, должина околу 30-тина метри. мораш да тргнеш, префрлиш во втора, возиш до крај, таму вртиш полукружно, без да спуштиш нога, и без да пипнеш асвалт и се враќаш назад, притоа со десната нога мора да стапнеш на обележаното место кога ке застанаш.. за цело време несмееш да ги згазнеш линиите...
кога ке стапнеш, го тураш моторот во лер, се симињаш од него, и го вртиш полукружно на следниот правец, што е возење цик-цак помеѓу 10-тина чуњеви. до крај извозушаш, се вртиш полукружно без да пипнеш асвалт, доаѓаш до почетокот и тоа е тоа... полагањето на полигон не трае подолго од 1 минута и е просто до толку, што немам соодветни зборови...
а да.. цело време си сниман со камера. и кога ке полагаш градска те снимаат со камера цело време... за да неможеш да кажеш вака беше или онака беше...
порано се вртеа 8-ци, па имаше вртење на моторот напред назад во автомобилска лента бла бла бла... сега е ептен олеснато, ама затоа градска вожња њ 30 минути, па тука те кинат...