Автор Тема: Кој како положи....  (Прочитано 122886 пати)

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Кој како положи....
« Одговори #615 на: 19 Март 2015, 00:25:47 am »
Ама ако забележите кај семафорот десно, има баклава. Значи ако е регулирана со семафор, сепак има ознака која улица е главна, која споредна.

Еве ја сум ти комисија, доагаш на раскрсницава, и ти викам најди пат за назад. Обучаван си да вракаш од главна во споредна. Како би постапил тука ?

ти допишав погоре во постот па го избришав... зашто знаев дека ваква заблуда имаш...

знакот баклава наспроти триаголникот (превртен) означува пат со првенство на премин. триаголникот превртен НЕ ОЗНАЧУВА СПОРЕДЕН ПАТ туку означува пат кој што нема првенство на премин.. спореден пат е пат на кој што неможе да се обележат макар 2 сообраќајни ленти. на сликана горе ти имаш булевар со 4 ленти кој има триаголник што означува дека, во случај на немање светлосни сигнали, тој БУЛЕВАР (не е спореден пат) нема првенство на преминување преку крстосницата...


спореден пат и пат што нема првенство на премин НЕ Е ИСТО... иако, скоро секогаш споредниот пат нема првенство на премин... велам скоро секогаш, затоа што ако тој спореден пат се пруклучува на главен пат, а не е регулирано никако со ништо, автоматски важи правилото со првенстов на преминување на крстосница... и во таа ситуација тој спореден пат е со иста важност како и главниот пат.

од форумов имаше некој кој направи сообраќајка затоа што не почекал да излезе другата кола од споредниот пат, во ваква ситуација...

фило... на тепка си земал возачка брат... сигурен сум... овие правила, на сликите од тестовите носат по 6 бода. нај “скапите“ прашања се овие на тестовите...


и за крај, бузуки е во право... со враќање во рикверц кон споредниот пат на крстосницата ОН ИЗЛЕГУВА од крстосницата, а не влегува...
« Последно менување: 19 Март 2015, 00:31:35 am onak »
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен МулевР

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1386
  • Велешанче
Одг: Кој како положи....
« Одговори #616 на: 19 Март 2015, 00:27:16 am »
Добро рече Онак на сликата има раскрсница со булевари, а во случајот на Бузуки било сосема друго. Така да јас мислам дека не е исто таму било регулирано со сообраќајни знаци, а на сликава е со семафори.
Project car: Opel Kadett C
Daily 1: Opel Corsa E
Daily 2: Yugo Koral 1.1i

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Кој како положи....
« Одговори #617 на: 19 Март 2015, 00:33:15 am »
Добро рече Онак на сликата има раскрсница со булевари, а во случајот на Бузуки било сосема друго. Така да јас мислам дека не е исто таму било регулирано со сообраќајни знаци, а на сликава е со семафори.

еве го случајот на бузуки:



меѓу 3 и 4 вози во рикверц... точно, он ИЗЛЕГУВА од крстосница... а законот вели забрането е возење во рикверц кон (влегување во) крстоница...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Кој како положи....
« Одговори #618 на: 19 Март 2015, 00:36:15 am »
Еве како е според правило, законски, според комисијата..


Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Кој како положи....
« Одговори #619 на: 19 Март 2015, 00:39:28 am »
така... ова десно е втората опција што ја сватив, по логика нели... на крстосница можеш во рикверц да идеш САМО КОН СПОРЕДНАТА УЛИЦА... како и да се вртиш, гзот (позади ти е де) ама да иде накај споредна, а не накај главна...

ок, чим ти го барале ова правило, значи дека е законско и полноважечко. да се знае... во скпје такво нешто нит некој ми спомнал, нит ми кажал, нит ми барал... во скопје е преплавено со големи улици, ама и мали... додуша, јас кога полагав, бајаги помалку булевари имаше, ама и други времиња беа...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6666
Одг: Кој како положи....
« Одговори #620 на: 19 Март 2015, 00:51:40 am »
спореден пат и пат што нема првенство на премин НЕ Е ИСТО... иако, скоро секогаш споредниот пат нема првенство на премин... велам скоро секогаш, затоа што ако тој спореден пат се пруклучува на главен пат, а не е регулирано никако со ништо, автоматски важи правилото со првенстов на преминување на крстосница... и во таа ситуација тој спореден пат е со иста важност како и главниот пат.

Во законов освен следнава слика што ке ти ја ставам, нема на друго место спомнување на спореден пат, туку се спомнува пат со првенство на минување:


Е сега, во случајов кај бузуки нека си каже и он, најверојатно станува збор за раскрсница каде што имаме баклава и превртен триаголник.
Најверојатно станува збор за раскрсница. Значи и твоево тврдење паѓа во вода така ?

и за крај, бузуки е во право... со враќање во рикверц кон споредниот пат на крстосницата ОН ИЗЛЕГУВА од крстосницата, а не влегува...

Како се вози во сообракај онак ? Со возилото нанапред или наназад ? Второ ситуацијата ако е раскрсница каде што патиштата се означени со баклава и превртен триаголник, па еве и да нема никаков знак и каде што сообракајот се одвива според правило на десна страна, како е тоа дозволено дејствие ? Ајде бујрум покажи го тоа каде е дозволено. Ајде кажи, пошто ме обвинуваш за:
фило... на тепка си земал возачка брат... сигурен сум...

а уствари ти сметаш дека тоа дејствие е исправно иако:
Не ќе да е така :)
Цитат
(3) Возачот не смее со движењето на возилото наназад да влегува во
крстосница,

Случајно да не си зел ти возачка на тепка ?
И ако те интересира, тестови положив со 0 негативни поени, а после 3 години и 7 месеци ги отворам тестовите и погрешив на 3 банални прашања:


А ако те интересира за градска вожња, положив од втор пат, затоа што првиот пат на угорницата од поликлиниката јане сандански на булевар македонска бригада чекав на додатно зелено да се вклучам и во тие моменти наидуваше возило кое беше на повеке од 10 метри пред семафорот со уклучен десен жмигавец и кога тргнав ми стиснаа кочница со оправдување дека тие од позади што наидувале ке ме акнеле. А додека тој вртеше, а на тој позади му се отвореше слободен пат, ја веке ке имав забрзано за да ставам трета што се вика.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Кој како положи....
« Одговори #621 на: 19 Март 2015, 00:55:00 am »
спореден пат и пат што нема првенство на премин НЕ Е ИСТО... иако, скоро секогаш споредниот пат нема првенство на премин... велам скоро секогаш, затоа што ако тој спореден пат се пруклучува на главен пат, а не е регулирано никако со ништо, автоматски важи правилото со првенстов на преминување на крстосница... и во таа ситуација тој спореден пат е со иста важност како и главниот пат.

Во законов освен следнава слика што ке ти ја ставам, нема на друго место спомнување на спореден пат, туку се спомнува пат со првенство на минување:
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Е сега, во случајов кај бузуки нека си каже и он, најверојатно станува збор за раскрсница каде што имаме баклава и превртен триаголник.
Најверојатно станува збор за раскрсница. Значи и твоево тврдење паѓа во вода така ?

и за крај, бузуки е во право... со враќање во рикверц кон споредниот пат на крстосницата ОН ИЗЛЕГУВА од крстосницата, а не влегува...

Како се вози во сообракај онак ? Со возилото нанапред или наназад ? Второ ситуацијата ако е раскрсница каде што патиштата се означени со баклава и превртен триаголник, па еве и да нема никаков знак и каде што сообракајот се одвива според правило на десна страна, како е тоа дозволено дејствие ? Ајде бујрум покажи го тоа каде е дозволено. Ајде кажи, пошто ме обвинуваш за:
фило... на тепка си земал возачка брат... сигурен сум...

а уствари ти сметаш дека тоа дејствие е исправно иако:
Не ќе да е така :)
Цитат
(3) Возачот не смее со движењето на возилото наназад да влегува во
крстосница,

Случајно да не си зел ти возачка на тепка ?
И ако те интересира, тестови положив со 0 негативни поени, а после 3 години и 7 месеци ги отворам тестовите и погрешив на 3 банални прашања:
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)


ај прво ти објасни што значи текстот на сликата друже? и каде на сликата од крстосницата што ти ја постави има лента за забрзување... чисто ме интересира во кој контекст е таа слика со текст што ја тури... и дали СТВАРНО незнаеш што е спореден пат а што пат со немање првенство на премин...

друже.. спореден пат никако не е булевар... никако...

а возачката моја.. еве теби за кејф... јас ја купив мојата. задоволен?
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6666
Одг: Кој како положи....
« Одговори #622 на: 19 Март 2015, 00:59:27 am »
Ако прочита убаво, ама сигурен сум дека постот не си го прочитал, ти посочив дека на друго место во законот не најдов ''спореден пат'', а на тоа место отприлика опишале да речеме дека споредни патишта се тие приклучоци од бензински, паркинзи и слично.
Ај што ке објасниш ?

Ајде и бузуки нека каже за каков тип на раскрсница станува збор, дали го тераат да враќа во рикверц во уличе што води према бензинска или во класична раскрсница.
И ако раскрсницата соединува патишта со ИСТА важност, значи нема никаков знак да се означи кој е со предност, тогаш како ке се изведе тоа ''најди пат за назад'' ?

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Кој како положи....
« Одговори #623 на: 19 Март 2015, 01:01:07 am »
Ако прочита убаво, ама сигурен сум дека постов не си го прочитал, ти посочив дека на друго место во законот не најдов ''спореден пат'', а на тоа место отприлика опишале да речеме дека споредни патишта се тие приклучоци од бензински, паркинзи и слично.
Ај што ке објасниш ?

значи логиката во тој текст не вели дека спореден пат е тој од бензинска... од бензинска, паркинг, мотел е ПРИСТАПЕН ПАТ... читај го сам поубаво текстот...


аман бе друже?
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Кој како положи....
« Одговори #624 на: 19 Март 2015, 01:02:33 am »
Ако прочита убаво, ама сигурен сум дека постот не си го прочитал, ти посочив дека на друго место во законот не најдов ''спореден пат'', а на тоа место отприлика опишале да речеме дека споредни патишта се тие приклучоци од бензински, паркинзи и слично.
Ај што ке објасниш ?

Ајде и бузуки нека каже за каков тип на раскрсница станува збор, дали го тераат да враќа во рикверц во уличе што води према бензинска или во класична раскрсница.
И ако раскрсницата соединува патишта со ИСТА важност, значи нема никаков знак да се означи кој е со предност, тогаш како ке се изведе тоа ''најди пат за назад'' ?
Фило, веќе кажав, едниот пат е главен другиот е спореден.. Исто е и кај патиштата со првенство на минување.. По секоја логика иде дека главниот пат има првенство на минување (баклава), а споредниот има триаголник наопаку..
А кај што е со иста важност ваљда можеш како сакаш да свртиш :)

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Кој како положи....
« Одговори #625 на: 19 Март 2015, 01:04:56 am »
Фило, веќе кажав, едниот пат е главен другиот е спореден.. Исто е и кај патиштата со првенство на минување.. По секоја логика иде дека главниот пат има првенство на минување (баклава), а споредниот има триаголник наопаку..
А кај што е со иста важност ваљда можеш како сакаш да свртиш :)

друже... дебатава на крај се сведува што е спореден пат... дефиниција за спореден пат... комплетно искривување од појдовниот муабет... еве затоа секоја тема се усерува до крај...

јас тука ке застанам и ке прекинам со муабет више...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6666
Одг: Кој како положи....
« Одговори #626 на: 19 Март 2015, 01:07:39 am »
Добро ок, спореден пат утврдивме што е, значи најверојатно во бузуки случајов станува збор за раскрсница на вкрстосување на патишта со различна важност и го тераат да навлезе во улица која е означена со баклава и да враќа во улица со која е означена со превртен триаголник. Така бузуки ?

И сега ако е таква ситуацијата, ондак и моето прашање онде погоре за булеварине е сосема оправдано, а не тука да ме обвинуваш дека на тепка сум зел возачка, а притоа ем викаш ааа бузуки со возењето во рикверц излегува од раскрсница, оправдано е, правилно, а ти постирам погоре став во кое тоа е НЕПРАВИЛНО.
БТЊ, како излегува ? Се вози во сообракај нанапред не наназад. И какво е тоа излегување од раскрсница со навлегување во друга улица во спротивна насока ?

Фило, веќе кажав, едниот пат е главен другиот е спореден.. Исто е и кај патиштата со првенство на минување.. По секоја логика иде дека главниот пат има првенство на минување (баклава), а споредниот има триаголник наопаку..
А кај што е со иста важност ваљда можеш како сакаш да свртиш :)

Како е утврдено тоа главен и спореден. Има некакви знаци или било што што би укажувало дека тоа е главен вс спореден пат, а не спојување на патишта во кој едниот е со првенство, другиот не ? Во каква улица или уличе те тераат да вракаш ?

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Кој како положи....
« Одговори #627 на: 19 Март 2015, 01:10:55 am »
Добро ок, спореден пат утврдивме што е, значи најверојатно во бузуки случајов станува збор за раскрсница на вкрстосување на патишта со различна важност и го тераат да навлезе во улица која е означена со баклава и да враќа во улица со која е означена со превртен триаголник. Така бузуки ?

И сега ако е таква ситуацијата, ондак и моето прашање онде погоре за булеварине е сосема оправдано, а не тука да ме обвинуваш дека на тепка сум зел возачка, а притоа ем викаш ааа бузуки со возењето во рикверц излегува од раскрсница, оправдано е, правилно. Како излегува ? Се вози во сообракај нанапред не наназад. И какво е тоа излегување од раскрсница со навлегување во друга улица во спротивна насока ?

значи веројатно и од тебе и од мене комисијата знае подобро... а верувај дека МОРА да знае се, без грешка зато што ако поднесеш приговор и се прегледа снимениот материјал додека си полагал, па се востанови грешка на комисијата, казните за нив почнуваат од минимум 20% а броењето е од 6 месеци па нагоре... така јас лани ја земав возачката за мотор... ем возачка добив иако ме бутнаа, на моја 100% сигурност дека не сум згрешил, ем сите членови на комисијата ги пернаа по 20% од плата...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6666
Одг: Кој како положи....
« Одговори #628 на: 19 Март 2015, 01:19:34 am »
значи веројатно и од тебе и од мене комисијата знае подобро...

Сигурен си ? Еве една ситуација во која ке ти кажам дека кога полагав и го чекав мојот ред, и комисијата и инструкторите за ова прашање беа поделени. За следново:
-Значи во раскрсница си, доагаш од улица со превртен триаголник. Чекаш тие од напред да пројдат кој идат за право, па да свртиш. Во мегувреме се пали црвено и на тие од десно од тебе кој се по пат со првенство им се отвора зелено.
Некои од инструкторите и комисијата беа дека можеш да возиш, некој беа дека ке чекаш.

А еве што вечи законот за оваа ситуација:
Цитат
Член 46 Член 46
(1) Возачот кој со возило влегол во крстосница на која сообраќајот е
регулиран со уреди за давање на светлосни сообраќајни знаци, може да ја
напушти крстосницата без да чека сообраќајот да биде со светлосен знак
отворен во правецот во кој е со намера да го продолжи движењето, под услов
да ги пропушти сите учесници во сообраќајот што се движат во правецот во кој
е отворен сообраќајот.

А они пак се поделени, не се единствени во ставовите.

Втора ситуација. Се закараа за хоризонталната сигнализација на коловозот. Во аеродром имаше една улица, валда уште е така, таму сите не обучуваа по правило на десна страна. Но доле на асфалтот има обележан превртен триаголник. Знаеш што кажа комисијата за тоа ? Тоа некој од зградите зел пола кило боја и го нацртал знакот, а инструкториве им викаат ако е така што не пријавите дека тоа таму не треба да биде така, да се избрише ?

Трета ситуација, моја случка со инструктор:
Исто како ја кога полагав и пошто ми го утнаа терминот, а мојот инструктор отиде на одмор, па со друг ги довршив часовите, и кога возев, од споредна улица да се приклучам на главна вртејки лево, ме тераше да навлегувам првин во првата лента затоа што прв сум стигнал, и да чекам да се расчисти од десно за да се вклучам.
И кога го прашав а што со овие од лево што идат, што со нив, нели се на главна улица имаат предност. И инструкторов ми врака: -Ти прв дојде и ја зафати лентата, тие ке чекаат.
И пошто не направив како што тој ми бараше, туку чекав целосно и од лево и од десно да снема коли, се напна човекот, почна да се кара со мене. И потоа ја само му реков тоа така што ми го велиш ми нема логика.

Така да не би рекол дека се они секогаш во право.

Отсутен 386ka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 882
  • Am386 DX/DXL-40
Одг: Кој како положи....
« Одговори #629 на: 19 Март 2015, 01:22:07 am »
Фило, членот на кој се повикуваш грешно го толкуваш. Во него се забранува влегување наназад во раскрсница која не е прегледна. Доколку е, движењето е дозволено, секако, со должно внимание.