Се информирав имено дека Fiat barchetta со тврд кров доаѓа фабрички само кај одредени модели, најчесто кај limited edition. Има секако информации за набавка на вакво нешто од ebay.de со цени од 200 до 400 еур. но тоа со царини со превоз може да фати повеќе но ете сепак има некој начин за набавка... Приметив дека има barchetta клуб во наша соседна земја Грција. Но нешто што опасно ме заинтересира е коментарот на господин NDarK од кајгана форумот кој сугерираше дека кај нас прават тврди кровови за кабриолети, пробарав на таа тема по интернетов ама без некој резултат, ако може некое инфо плус за ова би бил благодарен.
Во врска со потрошувачката свесен сум дека не е тоа мобил што троши 5л градска, но едноставно дизајнот е премногу добар па таа малце поголема потрошња спремен сум да ја проголтам.
@Simo - Carier166 Ја изгледаав епизодата одлична е! Овие твои совети за моторот се супер корисни, најверојатно ако би земал ке одам со некој професионалев во авто механика, па ако имате некои да сугерирате кои имал искуство со Fiat batchetta моделите би било фино да може секако со надонкада за времето потрошено да даде совет.
Купувам кола на старо не очекуван да е како од фабричка лента исправна 100% но во главно да не е удирана каросеријата да е добра и моторот да е во убав состојба.
круговите и елипсите може да се исполни
@AllMightyMe Тоа 2500 евра многу ефтино некако звучи што и дури прави сомнеж за колку е тоа исправно се. Плин ксенон и други тракатанци додатни не би сакал затоа што несакам модифицирани barchetta модели сакам автентична, затоа што не планирам да ја препродавам во животов.
Фала сите за времето одвоено, ако имате повеќе информации за споделување, совети како тој на господин Симо за што специфично за овој модел да се внимава да е исправно се добредојдени.