Автор Тема: Fiat Barchetta - совет за купување  (Прочитано 7037 пати)

Отсутен tastatura

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 3
Fiat Barchetta - совет за купување
« на: 21 Март 2012, 17:36:01 pm »
Зраво граѓанство,
Ми треба совет за автомобил Fiat Barchetta, имено сакам да купам ваква кола па ми требаат информации што мислите за колата, дали знаете во МК каде може да ја набавам или во соседство.
Имено не ми е битна бојата на колата затоа што веднаш во план ми е да се префарба во црна, но затоа важно ми е колата да е со тврд покрив, и по можност да е барем 98-99год нагоре.
Околу автомобилот /: http://en.wikipedia.org/wiki/Fiat_Barchetta

Имено изборот за оваа кола ми е од причина што се имам заљубено во овој модел на Фиат, Па така сега кога имам некоја финансиска конструкција за ова да го претворам во реалност, почнав по активно на ова поле.

Фала однапред за одговорите.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14231
  • Пудингот на шоферството
Одг: Fiat Barchetta - совет за купување
« Одговори #1 на: 21 Март 2012, 17:51:53 pm »
Можеш да најдеш во Мк ама со тврд кров потешко,барај по огласите
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29590
    • CARclub.mk
Одг: Fiat Barchetta - совет за купување
« Одговори #2 на: 21 Март 2012, 18:02:42 pm »
Не сум сигурен дали Barchetta се продавала воопшто со тврд покрив, или накнадно се купувал екстра кровот. Како и да е, одлично количе кое со малку средување може да биде одличен мал спортски автомобил. Колку што памтам, развиена е на платформата на Punto, така да за делови би требало да немаш некои посебни проблеми.

Јас би барал автомобил што е веќе увезен и се вози низ земјава. Едно брзинско пребарување по нашиве сајтови со возила резултира со пар интересни примероци кои сигурно веќе ги знаеш, ама да ги повторам:

http://reklama5.mk/Details.aspx?ad=350247

http://www.pazar3.mk/mk/Listing/Detail/Index/675121?searchID=3330949&Idx=2

Јави се, разгледај ги и повози ги. Ако било кој од овие примероци ти изгледа интересен однеси го докај Marsher од AutoPrestige да го погледне поблиску и не се обесхрабрувај ако не можеш веднаш да го најдеш тоа што го бараш.

Со среќа барањето, и кажи ни што си одлучил! :)

Отсутен Untak

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 305
  • sLowRider
Одг: Fiat Barchetta - совет за купување
« Одговори #3 на: 21 Март 2012, 18:08:19 pm »
Автомобилчето е навистина убаво, и јас бев негов голем приврзаник меѓутоа непрактичноста и потрошувачката ме одвлекоа од купување на истото, е сега кога веќе од мерак за мерак се купува е сосема друга приказна, кога ги следев огласите не наидов на ниедна со тврд кров а и еве сега баш проверив една е дадена за продавање денес меѓутоа кабриолет, да видиш надвор од Македонија најубаво, или да пуштиш срце и одиш на кабриолет варијанта, и моја препорака е ферари црвена.. :)

Отсутен tastatura

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 3
Одг: Fiat Barchetta - совет за купување
« Одговори #4 на: 21 Март 2012, 20:07:04 pm »
Фала за брзиот одговор, навистина конкретни и добри совети од сите вас.

Е сега имено најдов една Barchetta од Бугарскиов половен автопазар на нивниот портал mobile.bg
http://nfs.mobile.bg/pcgi/mobile.cgi?topmenu=1&act=4&adv=11279869349156771&f1=details
Но се мислам дал е овој оглас сеуште валиден и какво е стањето на оваа кола од причина што таму вели дека објавен е огласот тек во 2010 година. изворно (Публикувана в 10:15 часа на 23 юли, 2010 год.). За ваков модел добив од пријател што работи во ова поле (внес на автомобили од страна) за да се преведе и се тоа како и да оди процедура до мк таблици би било 800еур. Што мислите во врска со оваа информација?

Во врска со потрошувачката, дали некој може поконкретно да елаборира за таа информација јас од она што успеав по интернет да го најдам и со тоа што сум аматер за автомобилската индустрија дојдов до некој податоци дека комбинирано градска отворено троѓи 8,9л

Вистина е дека освен некој серии повеќето се кабрио варијанта без тврд покрив. Би се одлучил да земам и од нашиве понудени модели без тврд покрив па накнадно да купам, но прво би сакал да се осигурам дека можам да го набавам нали тој тврд покрив.

извинете за долгиот пост и фала уште еднаш
искуства муабети за и околу fiat barchetta добредојдени се :)

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14231
  • Пудингот на шоферството
Одг: Fiat Barchetta - совет за купување
« Одговори #5 на: 21 Март 2012, 20:29:28 pm »
Со оглед на тоа што е Фиат плус 1.8 со 130кс,потрошувачката би била поголема,односно во голема мера ке зависи од начинот на возење,во град со нормално возење 10 мин ке ги јади...
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Untak

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 305
  • sLowRider
Одг: Fiat Barchetta - совет за купување
« Одговори #6 на: 21 Март 2012, 22:21:31 pm »
За трошење ќе троши докај 9-10, сепак е мал и лесен авотмобил.. :) Ако не еден ЈТD под хауба и ќе тракторише.. :) Иначе за тврд кров ако имаш некој во германија или да ти посреди за до овде повели: http://www.ebay.de/sch/i.html?_nkw=fiat+barchetta+hardtop

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14231
  • Пудингот на шоферството
Одг: Fiat Barchetta - совет за купување
« Одговори #7 на: 21 Март 2012, 22:38:58 pm »
Дека е мал незначи дека е лесен,исто тежи колку и Фиат Брава 1,6 од таа година,односно 1100кг...
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13834
Одг: Fiat Barchetta - совет за купување
« Одговори #8 на: 21 Март 2012, 23:20:19 pm »
Потрошувачка јас мислам 10л градска особено за Фиат и особено за 1.8 е малку. Реално очекувај 12л-13л бензин градска.
Убаво кажа Мечето. Ако е вака мало сепак има тежина. Кабриолетите се познати по својата тежина заради безбедност.

Убаво е количето и сигурно си го сакаш, ама јас би одел на Alfa Romeo gtv

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43640
  • Il Moderatore
Одг: Fiat Barchetta - совет за купување
« Одговори #9 на: 21 Март 2012, 23:59:01 pm »
Barchetta pronounced "bar-KET-ta",  е одлично ауто, на некого не му се допаѓа, ама јас мислам дека е супер кабриолет. Има две верзии од 1998 до 2002 и од 2004 до 2005.

Вторава варијанта има различен преден и заден браник, визуелно, а и технички има некои подобрувања.

Базирана е на шасијата на Punto МК1 и се нуди само со 1.8 моторот познат од fiat Coupe, Stilo, Bravo/Brava, Marea... кој инаку го дели блокот со Alfa 1.8 TS, и е скоро идеално "square", или одот клипот и промерот на цилиндерот се исти. Има и варијатор, така да, внимавај при купување на лош звук од варијаторот, тоа автоматски значи „симни цена за 150-тина 200е“, за нов варијатор :)

Перформанси, под девет до 100, преку 200 на саат.

Добро видео:
http://www.streetfire.net/video/top-gear-three-wise-men-episode-middle-east-special-season-16-episode_2182802.htm

И сакам два круга и 3 елипси кога ќе ја купиш ;)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7049
Одг: Fiat Barchetta - совет за купување
« Одговори #10 на: 22 Март 2012, 09:27:49 am »
Имаше кај нас едно време лани се продаваше, бела боја со плин со нови гуми, ксенон .... за верувале или не 2500 евра, баш си викав ебати стандардот што е ова за еден Германец, количе за вакво сончево време за уживање ...

Отсутен tastatura

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 3
Одг: Fiat Barchetta - совет за купување
« Одговори #11 на: 22 Март 2012, 15:12:19 pm »
Се информирав имено дека Fiat barchetta со тврд кров доаѓа фабрички само кај одредени модели, најчесто кај limited edition. Има секако информации за набавка на вакво нешто од ebay.de со цени од 200 до 400 еур. но тоа со царини со превоз може да фати повеќе но ете сепак има некој начин за набавка... Приметив дека има barchetta клуб во наша соседна земја Грција. Но нешто што опасно ме заинтересира е коментарот на господин NDarK од кајгана форумот кој сугерираше дека кај нас прават тврди кровови за кабриолети, пробарав на таа тема по интернетов ама без некој резултат, ако може некое инфо плус за ова би бил благодарен.

Во врска со потрошувачката свесен сум дека не е тоа мобил што троши 5л градска, но едноставно дизајнот е премногу добар па таа малце поголема потрошња спремен сум да ја проголтам.

@Simo - Carier166 Ја изгледаав епизодата одлична е! Овие твои совети за моторот се супер корисни, најверојатно ако би земал ке одам со некој професионалев во авто механика, па ако имате некои да сугерирате кои имал искуство со Fiat batchetta моделите би било фино да може секако со надонкада за времето потрошено да даде совет.
Купувам кола на старо не очекуван да е како од фабричка лента исправна 100% но во главно да не е удирана каросеријата да е добра и моторот да е во убав состојба.
круговите и елипсите може да се исполни :)

@AllMightyMe Тоа 2500 евра многу ефтино некако звучи што и дури прави сомнеж за колку е тоа исправно се. Плин ксенон и други тракатанци додатни не би сакал затоа што несакам модифицирани barchetta модели сакам автентична, затоа што не планирам да ја препродавам во животов.

Фала сите за времето одвоено, ако имате повеќе информации за споделување, совети како тој на господин Симо за што специфично за овој модел да се внимава да е исправно се добредојдени.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14231
  • Пудингот на шоферството
Одг: Fiat Barchetta - совет за купување
« Одговори #12 на: 22 Март 2012, 15:16:28 pm »
Абе другар и сам кажа,дека треба да се провери колата да не била стуткана па правена...Варијаторот е лесно воочлив проблем кој не треба да те плаши,гледај другото да е како што треба,за него не се секирај сам ке се издаде дали чини или не...
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43640
  • Il Moderatore
Одг: Fiat Barchetta - совет за купување
« Одговори #13 на: 22 Март 2012, 19:30:17 pm »
Абе другар и сам кажа,дека треба да се провери колата да не била стуткана па правена...Варијаторот е лесно воочлив проблем кој не треба да те плаши,гледај другото да е како што треба,за него не се секирај сам ке се издаде дали чини или не...
Ако е во почетна фаза може и да не се издаде, ама ако го примети - одма ценканње :D Инаку нема страшно во возење со лош варијатор, само срамно - тропа ко` дизел :D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Fiat Barchetta - совет за купување
« Одговори #14 на: 23 Март 2012, 18:51:15 pm »
Одлично аутце за уживање, верувам дека епизодава си ја гледал, но доколку не си, ОБАВЕЗНО да ја изгледаш.