Site znaete kako teshkite slucai gi vrakaat vo drzavna.
Meѓутоа, тоа може да биде и од деловни причини, а не заради отсуство на стручност.
Јас да сум газда на приватна болница би ги праќал тешките и ризични случаи во државна и покрај тоа што можеби имам подобри лекари. Со времето кое ќе го потрошам на еден тежок пациент - ќе решам (читај: земам пари) од 10 други полесни случаи. Ем поише пари, ем реномето негибнато... недај боже овој тешкиов случај ќе умре, па луѓе ќе прашуваат „кој и каде го лечел“ дрн дрн, па иди после објаснувај на ужалени лаици што се тоа интристични ризици, проценти на успешност, непредвидени компикации, ово, оно... зашто да се ебавам со сето тоа? Ќе го пратам во државна и чао.
А да не збориме што тежок случај обично подразбира и висока цена на третман. А кај нас наплатата и онака е хроничен проблем, поготово кога треба да се бројат многу бончиња. Ќе ангажирам конзилиум и безброј човек-часови, за после да го бркам со години да се раздужи, па судови, извршители, агенции... секој претприемач радије ќе каже „не фала“.
Значи, не викам дека најдобрите лекари НЕ се во државна, ама не викам ни дека се. Само викам дека тоа што приватните лекари ги праќаат тешките на државно не мора да е показател за разлика во стручноста.