И покрај фактот што во Македонија бев крводарител со 29 дарувања,било каква забарска услуга ми беше наплатена.Пломбирање/лечење на заб си плаќав некои си 15-25е.
Денес со сопругата имавме закажан термин за матичен забар во ДЕ.
На двајцата ни извршија преглед во кој беше и вклучено ренгенско снимање,кај мене беше извршено и чистење на забите од забен камен.
За сето ова не беше наплатено ништо,во разговор со сестрата која е од нашите краишта ми рече ретко за некоја забарска интервенција се наплаќа,но ако дојде до тоа ќе бидеш известен и без согласност нема да се интервенира,но за пломбирање/лечење на заб не се наплаќа.Ми напомена дека за полирање на забите услугата чини некои си 80е од кои 40е покрива здраственото осигурување во една календарска година.